| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици белгиски џихадисти добивале социјална помош од државата

џихад

Вкупно 215 белгиски џихадисти добиваат социјална помош, соопштија локалните медиуми.

Весниците забележуваат дека несомнено овие средства им помогнале да отпатуваат до Сирија и да се борат во редовите на Исламска држава.

Полицијата презела акција, во која треба да утврди каде се наоѓа секој од списокот на корисници на помошта на социјалните служби, и да го направи сето тоа што е неопходно за да се прекине со исплата на помошта.

Весниците дополнуваат дека лицата и нивните семејства, кои досега добивале помош за невработеност или за бесплатна медицинска нега, ќе треба да ги вратат парите.

Властите прецизираат дека на белгиските џихадисти од буџетот им е исплатена вкупна сума во висина од околу 80 000 евра. Според информации на весниците, со досега отворените истраги бил утврден идентитетот и местото на престој на 85 од овие лица, кои од државата добивале помош,.

Минатата година белгиските власти донесоа одлука џихадистите да бидат избришани од списоците за населението. Тоа автоматски ги лишува и од правото на социјална помош, без задолжително да се оди на процедурата за одземање на државјанството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top