Џими Моралес, поранешен комичар и актер, освои мнозинство гласови во вториот круг од претседателските избори во Гватемала.
– Од преброените 94 проценти гласови, Моралес освои 68,98 отсто од гласовите, додека неговата опонентка Сандра Торес (60) освои 31,02 проценти од гласовите – соопшти Врховниот изборен суд на Гватемала.
Моралес (46), познат по улогата на човек од село и без никакво политичко искуство, во вториот круг од изборите влезе со голема предност од 68 отсто.
Претходниот претседател на Гватемала, Ото Перес Молина поднесе оставка поради корупциски скандал. Тој беше принуден да се повлече откако беше уапсен под обвинение за корупција по масовните улични протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.