| четврток, 6 декември 2018 |

Кинотека на Македонија ќе ја пушти новата дигитална опрема и ќе му додели повелба на Емил Рубин

Кинотеката на Македонија ќе му додели повелба на актерот Емил Рубен по повод неговиот јубилеј: 60 годишни на филмски платно. Семејството Рубен, на Кинотеката на Македонија го подарија филмски проектор на 9, 5 мм филмска лента,“Пате-бејби“ кој е произведен во 1920-тите години од страна на познатиот производител Пјер Виктор Континсуза за компанијата „ Пате“

По повод 27 октомври, Светскиот ден на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО, во вторник во 12 часот, Кинотека на Македонија свечено ќе ја пушти во употреба новата дигитална опрема за прикажување филмови и ќе му додели повелба на актерот Емил Рубен по повод неговиот јубилеј, 60 години на филмски платно.

– Имајќи предвид дека една од основните дејности на Кинотеката на Македонија е заштитата на аудиовизуелните добра, а во чекор со новите технолгии, дигитализацијата претставува дел од светските трендови за заштита и за презентација на филмското наследство. Во таа насока годинешниот слоган за одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е Архивите во ризик: заштита на културниот идентитет во светски рамки. Овој значаен ден за кинотеките ширум светот, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи со промоција на дигитализираното кинотечно кино, односно опремувањето на киното со дигитален проектор со што ќе се овозможи соодветна презентација на новите филмски остварувања од домашната и од светска продукција како и на аудиовизуелниот материјал кој кинотеката го дигитализираше во изминатите години, како дел од нејзината работа за заштита на филмското наследство – велат од Кинотека на Македонија.
dcp-kinoteka

Исто така, на овој ден Кинотеката на Македонија ќе му додели повелба на актерот Емил Рубен по повод неговиот јубилеј: 60 години на филмското платно. Семејството Рубен, на Кинотеката на Македонија ѝ подарија филмски проектор на 9,5 мм филмска лента, пате-бејби“, кој е произведен во ’20-тите години од страна на познатиот производител Пјер Виктор Континсуза за компанијата „Пате“.

Покрај тоа, семејството Рубен ја збогати колекцијата на Кинотеката на Македонија со аматерската камера        „пате-бејби“,произведена во ’20-тите години, која била употребувана за аматерски снимки. Ова надополнување на кинотечната колекција е уште еден чекор кон зачувување на аудиовизуелното наследство, зашто вредноста на филмското наследствово може да се согледа во споредбата на новата технологија и на старите експонати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top