Првата делница од автопатот „Арбер Џафери“ од Приштина до Скопје, е отворена за сообраќај вчера. Делницата која се проценува дека ќе биде најголема раскрсница во регионот ја отвори премиерот на Косово Иса Мустафа кој изјави дека во изградбата на целата сообраќајница долга 60 километри ќе се инвестираат 600 милиони евра и најави дека таа инвестиција ќе има и за изградба на автопат кон Митровица.
Работите на изградбата на автопатот кон Скопје го изведува компанијата Бектел Енка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.