Документарно-играниот филм „Последниот Македонец – патот до истребување“ во режија на Илија Пиперковски вечер првпат ќе биде прикажан во Скопје.
Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот договор, но и меѓу балканските војни не можеше да создаде сојузници што ќе ја поддржат независноста, зошто не постоела цврста организација, која место меѓусебни расправии, интриги, убиства и атентати ќе го кренела духот на народот што бил поделен под влијание на Бугарската егзархија, Грчката православна црква, а подоцна и Српската православна црква, зошто братоубиството заради сојузништво со Бугарите, Србите или Грците не е реткост во Македонија, се само дел од прашањата што ги отвора документарно – играниот филм.
Филмот засегнува и теми како што се зошто големите сили ја кројат судбината на малите народи, дали и понатаму треба прстот да го вперуваме во другите или да се свртиме во историјата, па да погледнеме во сегашноста за да разбереме каде грешиме.
„Последниот Македонец – патот до истрабување“ премиерно беше прикажан минатиот месец на 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и предизвика голем интерес во јавноста.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а продуцент на филмот е Снежана Лупевска – Созен и „Тринити плус продукција“.
Проекцијата ќе се одржи вечер во 20 часот во Киното „Фросина” во Младинскиот културен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура