Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска ќе биде промоворана 15. генерација на потпоручници, а заклетва ќе даде 19. генерација питомци.
На свеченоста ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски, а ќе присуствува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. Обраќање ќе има и деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски.
Свечена заклетва ќе дадат 37 студенти питомци и 9 студенти. Од студентите-питомци на Воената академија, 29 се од Република Македонија (10 од женскиот пол), 3 од Босна и Херцеговина, 3 од Црна Гора (сите од женскиот пол) и 2 од Косово.
Во потпоручници ќе бидат промовирани 35 студенти питомци. Од нив 31 се од Република Македонија (8 припаднички на женскиот пол) и 4 од Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Воздухополвна катедра во Скопје: Македонија ќе произведува цивилни и воени пилоти
-
Иванов и Андонов на првиот час од новата академска година на Воената академија
-
Првите двајца питомци од Воената академија од утре на престижниот Универзитет Норвич во САД
-
Јолевски: Двајца питомци од Македонија в година на размена во Универзитетот во Вермонт