| четврток, 6 декември 2018 |

Работи што мора да му ги откриете на вашиот гинеколог

Колку партнери сте имале досега
Ако сте биле доста сексуално активни оваа година, би требало да му кажете на вашиот гинеколог, без да чекате тој да ве праша.

Сигурно нема да ви суди, но ова ќе биде клучна информација кога станува збор за вашето здравје.

Сте имале барем еден незаштитен однос
Еднаш ви се случило да не користите кондом , а потоа сте добиле менструација и не сте имале никакви симптоми кои би можеле да укажуваат на сексуално пренослива болест ? Сеедно, би требало да се тестирате, затоа што некои болести, како што се кламидијата, можат да поминат целосно без симптоми, додека некои други, како што е ХПВ вирусот, можат со години да живеат во вашиот организам. Вие сте одговорни за се што нема да го пријавите на вашиот гинеколог.

Нe можете да доживеете оргазам
Ако не посетите сексолог, кој друг би можел да ви даде подобар совет ако го имате овој проблем? Верувале или не, гинеколозите навистина можат да ви помогнат со овој проблем, а може да се случи невозможноста за постигнување на оргазмот да е предизвикана од некои други здравствени проблеми.

Повремено крварите после односи
Ако тоа се случило само еднаш, и тоа по груб секс , тогаш не би требало да паничите и да трчате на гинеколог. Но, честото крвавење по сексот може да укажува на инфекција или предканцерогени промени на грлото на матката. Консултирајте се со вашиот гинеколог, бидејќи е подобро да бидете сигурни.

Мeнструацијата ви е поинаква од вообичаено
Иако сте сигурни дека не сте бремени, промените во изгледот на менструацијата се причина за да отидете на гинеколог. Ако ви е пообилна од вообичаено, или дури помалку обилна,тоа дефинитивно треба да му го истакнете на вашиот гинеколог, затоа што тоа може да биде индикатор за хормонална нерамнотежа , циста или инфекција .

Чувствувате болка за време на односот
Доколку чувствувате болка за време на сексот , никако не двоумете се да го контактирате вашиот лекар. Можеби страдате од сувост на вагината, можеби тоа е пропратен ефект на пилулите за контрацепција , а можеби имате проблем со матката. Не заборавајте дека овие проблеми ги имаат многу млади жени , а не само повозрасните, па затоа обавезно споменете му на вашиот гинеколог затоа што решавањето на овој проблем ќе ви овозможи и многу подобар сексуален живот .

Пиете лекови и сублименти
Ова е важно да го кажете од голем број причини: било да сакате да ги промените пилулите за контрацепција, било да сакате да забремените или да морате да одите на операција. Дури и билните суплементи може да имаат несакани ефекти, па известете го гинекологот за сè што се земате.

Вашиот исцедок има непријатен мирис
Ова е обично знак за инфекција или pH нерамнотежа, проблеми кои вашиот гинеколог може да ги реши. Исто така, може да се случи некој заскитан тампон да биде причина за мирисот, така што во овој случај вие дефинитивно мора да посетите гинеколог. Мали промени во мирисот на исцедокот се нормални, но ако забележите нешто сосема невообичаено за вас , консултирајте се со вашиот гинеколог.

Сакате да останете бремена
Ако планирате бременост во наредниот период, задолжително информирајте го вашиот гинеколог. Тој може да ви даде одлични совети, како и да ја провери општата состојба на вашиот организам и вашата плодност . Дури и да не планирате бременост, а ве загрижува колку сте плодни, и тука вашиот гинеколог може да ви помогне.

Лекарите обично велат дека треба да се подготвувате за бременост, дури и кога тоа не ви е во план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top