Независно што прават Лондон, Вашингтон или Москва, победата над терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија е невозможна вез успешна копнена операција на сириската армија, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков во интервју за Би-Би-Си.
Според него, целта е на Русија да ги зацврсти позициите на легитимната сириска армија, затоа што само Сирија може да го оствари копнена операција против терористите.
– Едвај по победата над тероризмот може да се мисли за вистинско политичко решение во Сирија, додаде Песков по програмата „Хард ток“.
– Само Сиријците, а не Париз, Лондон или Вашингтон, можат да одредат кој ќе биде следниот претседател на Сирија, додаде Песков.
Тоа е и целта на рускиот претседател Владимир Путин, да помогне на Сиријците за постигнување политичко решение, увери тој.
Песков ги отфрли обвиненијата дека руските напади причиниле жртви меѓу мирното население. Покажаните записи може да се снимени и во Јемен или на други места, а на Интернет се распространува многу неточна информација, рече тој.
– За време на сегашната информативна војна, ве молам бидете многу повнимателни, пред да судите на основа на тие неверодостојни извори, повика тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро