| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен лидерот на „Фронтот ал Нусра“

Сириските војници кај Алепо го убиле лидерот на терористичката група „Фронтот ал­Нусра“ (Јабхат ал­Нусра), Египѓанецот Абу Сулејман ал­ Масри, јави агенцијата Спутник, повикувајќи се на неименуван извор.

al-nusra-leader-killed-syria.si

 

Лондонскиот весник „Дејли мејл“, исто така, јави дека Ал­Масри е убиен и дека оваа сунитска џихадистичка милиција, која се бори против владините сили во Сирија, тоа го потврди.

Фотографии на неговото безживотно тело, во крв и со рани, веќе се ставени на Интернет, наведува лондонскиот весник во своето интернет издание.

Причината за смртта на Ал­Масри се уште не се соооштува, но се смета дека станува збор за „разорен удар“ врз оваа терористичка група.

Според неименуваниот саговорник на Спутник, терористот е убиен во текот на борбените дејствија кај селото Тал­ал­Карсани, во близина на Алепо.

„Фронт ал­ Нусра“ се смета за огранок на терористичката организација Ал Каеда во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top