Се чини дека најновата студија спроведена на универзитетот во Лајпциг успешно докажа дека најстарото дете е најчесто и најпаметното т.е. има повисок коефициент на интелигенција од второто, третото или четвртото дете во семејството.
Имено, помладите деца уште од рано детство стекнуваат впечаток дека сé им е допуштено, додека најстарото дете е она кое секогаш мора да размислува.
Сепак, како што се вели во резултатите од истражувањето, разликата во интелигенцијата е многу мала и се движи од 1.5 до 2 поени од дете до дете.
Во студијата се наведува и дека помладите деца обично растат и созреваат со фактот дека се помалку интелигентни, помалку паметни и помалку способни, додека најстарото дете поминува доста време учејќи ги своите помлади браќа или сестри, што дополнително му го подобрува коефициентот на интелигенција.
Студијата е резултат на три национални истражувања во Велика Британија, а учествувале околу 20.000 луѓе, наведува „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


