Според руската полиција, нападот бил извршен вчера кога маж му пришол на уметничкиот директор додека излегувал автомобил пред неговиот дом во централниот дел на Москва. Некои руски медиуми тврдат дека поради сериозните повреди Филин веќе го изгубил видот и дека нема да може да зборува најмалку две недели, како и дека ќе му требаат најмалку шест недели за целосно да закрепне.
Пријателката на Филин изјавила во полиција дека тој добивал закани од март 2011 година, кога бил именуван за уметнички директор на Бољшој. Информацијата ја потврдила и портпаролката на театарот Катарина Новикова според која директорот најваројатно станал жртва на внатрешни судири и пресметки меѓу различни групи танчери и менаџери во Бољшој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.