| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот Крис Рок домаќин на 88. доделување на „Оскар“

Актерот и комичар Крис Рок ќе биде домаќин на 88. церемонија на доделување на „Оскар“, што ќе се одржи на 28 февруари следната година во Лос Анџелес.

Рок пред 11 години беше домаќин на популарната церемонија. Преносот од доделувањето на Оскар 2005 година, кога Рок беше домаќин, е запамтена како еден од најгледаните досега, а го следеа повеќе од 42 милиони гледачи.

Рок ќе го замени колегата Нил Патрик Харис, кој според оцените на многумина, не се снајде најдобро во улогата на домаќин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top