Зошто некој сака повеќе слатки отколку солени јадења?
Во усната шуплина имаме повеќе од 10.000 нерви за вкус кои реагираат на четири главни собири на вкус:солено, слатко, кисело и горко.
Сепак некои од нас почесто ќе посегнат по солено отколку слатко јадење. Ако сте се запрашале зошто е тоа така ова е одговорот, во најголема мера главен виновник за тоа се гените!
Нашиот ДНК одредува во која мерка ќе бидеме поосетливи на одреден вид вкусови, но за преферирање кон слаткото, виновен е нашиот мозок кој тоа го толкува како еден вид награда. Кон кое јадење ќе посегнеме, зависи од тоа кој вид на намирници сме ги конзумирале низ животот. Ако почесто сме јаделе солено, тогаш такви јадења ќе продолжиме да бираме и понатаму-објаснува Менела.