Шахистите на Алкалоид го претрпеа првиот пораз на Европскиот клупски куп во Скопје, а подобри денеска беа шахистите на Објетиво Падова.
Искусниот Петер Леко го надигра Василиј Иванчук на првата табла, што беше доволно за победа и бодови за тимот од Италија. Во сите останати пет партии немаше победник.
Во супердербито руски Сибир со идентичен резултат го победи првиот фаворит за титулата СОКАР од Азербејџан, а во долгоочекуваниот дуел Крамник го надмудри Топалов.
Втората наша екипа, Гамбит Асеко Сее победи со 4-2 против Ен Пасан од Холандија. По пет рунди Алкалоид е на петтото место со 8 бода и утре веројатно ќе го игра клучниот меч за медал против водечкиот Сибир. Тимот што го предводи Крамник е лидер со максимален учинок од 5 победи. Гамбит со 6 бода е на 19. позиција.
Кај дамите Гамбит забележа вредна победа од 3-1 против ШСМ Легаси Сквер од Русија. Најинтересно беше на првата табла каде имаше дуел на поранешните европски шампионки Антоанета Стефанова и Александра Костењук, а победа славеше членката на Гамбит Стефанова. Македонскиот состав е на втората позиција со 8 бода и има одлични шанси за медал, на две кола до крајот на Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



