Тониблер Мулиќ и Тониблер Тачи се двајца момчиња од Косово кои добиле име по некогашниот премиер на Велика Британија.
Велат дека се горди на името кое го носат, како и дека одлично знаат по кој нивните родители им дале име.
Тониблеровите не се единствените кои го носат ова име. Вакво име имаат вкупно девет момчиња.
Тониблер Тачи, денес има 16 години, живее во предградието на Приштина и вели дека имал само четири години кога сфатил какво име носи.
-Останав бремена за време на војната. Тогаш сопругот и јас решивме на детето да му дадеме име по Тони Блер- кажала мајката на момчето.
Тониблер Мулиќ има 15 години и живее во село оддалечено еден час од Приштина. Вели дека неговата мајка, уште пред да остане бремена решила кое име ќе му го даде на своето дете.
-Сакам што се викам така. Мислам дека тоа е добро. Тој го ослободил Косово- вели ова момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.