| четврток, 6 декември 2018 |

Русија – причина за влез на Македонија во НАТО

По­ра­неш­ни­от со­вет­ник за на­ци­о­нал­на без­бед­ност на САД, по­точ­но на пре­тсе­да­те­лот Оба­ма, ба­ра Ма­ке­до­ни­ја за­ед­но со Цр­на Го­ра да би­де при­ме­на во Се­вер­но­ат­лант­ска­та али­јан­са на след­ни­от са­мит во Пол­ска. Пен­зи­о­ни­ра­ни­от ге­не­рал Џемс Џонс пред аме­ри­кан­ски­те се­на­то­ри го ка­жа она што мно­гу­ми­на го мис­лат, но се пла­шат јав­но да го ка­жат. САД мо­ра­ат да ја про­ме­нат та­кти­ка­та ако са­ка­ат да го за­др­жат вли­ја­ни­е­то на Бал­ка­нот ка­де што Ру­си­ја е сѐ по­а­ктив­на. При­е­мот на Ма­ке­до­ни­ја и на Цр­на Го­ра е на­чин да се од­го­во­ри на Ру­ска­та во­е­на и дип­ло­мат­ска офан­зи­ва, сме­та ге­не­ра­лот Џонс

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Џонс е два­е­сет и вто­ри­от со­вет­ник за на­ци­о­нал­на без­бед­ност на аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел во исто­ри­ја­та на САД, а сво­ја­та долж­ност ја вр­шел 22 ме­се­ци, од ја­ну­а­ри 2009 го­ди­на до октом­ври 2010 го­ди­на. Во тој пер­и­од, освен по ко­мен­та­ри­те за те­шки гло­бал­ни те­ми ка­ко вој­ни­те во Ирак и во Авга­ни­стан, тој во ма­ке­дон­ска­та јав­ност бе­ше ре­чи­си не­поз­нат. Не­го­во­то име се спо­ме­ну­ва­ше са­мо ка­ко дел од сред­би­те што тој ги има­ше со ма­ке­дон­ски­от др­жа­вен врв во Ва­шин­гтон, Њу­јорк и во Ки­ев.

Ге­не­ра­лот Џонс, кој сво­ја­та вој­нич­ка ка­ри­е­ра ја за­поч­нал уште во вој­на­та во Ви­ет­нам, во тој пер­и­од ни­ту ед­наш не ка­жа јав­но де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да вле­зе во НА­ТО, иа­ко на по­зи­ци­ја­та прв аме­ри­кан­ски екс­перт за без­бед­ност дој­де не­це­ла го­ди­на по го­ле­ми­от дип­ло­мат­ски по­раз на САД на са­ми­тот на НА­ТО во Бу­ку­решт и по­ло­ви­на го­ди­на по пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот за стра­те­шко парт­нерс­тво ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и САД во Ва­шин­гтон. При­чи­ни за­ра­ди кои се­га е изг­ла­сен по ова пра­ша­ње ве­ро­јат­но има по­ве­ќе, а ед­на од нив е тоа што се­га ве­те­ра­нот во ар­ми­ја­та на САД не­ма по­ли­тич­ки об­вр­ски да мол­чи за ра­бо­ти за кои не е на иста ли­ни­ја со по­ли­ти­ка­та на пре­тсе­да­те­лот Оба­ма, но глав­на­та при­чи­на е тоа што од пер­и­о­дот ко­га си дал оста­вка до­се­га, дра­ма­тич­но се про­ме­не­ти окол­но­сти­те и по­зи­ци­и­те на две­те су­пер­си­ли, вклу­чи­тел­но и во ре­ги­о­нот во кој е сме­сте­на Ма­ке­до­ни­ја.

 

САД мо­ра­ат да од­го­во­рат на офан­зи­ва­та на Пу­тин

Ка­ко вој­ник кој има искус­тво од де­се­ти­на конф­ли­кти во кои би­ла вклу­че­на ар­ми­ја­та на САД и ка­ко чо­век кој ре­чи­си две го­ди­ни ди­рект­но учес­тву­вал во пла­ни­ра­ње­то и во спро­ве­ду­ва­ње­то на аме­ри­кан­ски­те без­бед­нос­ни по­ли­ти­ки во це­ли­от свет, Џонс пред Ко­ми­те­тот за од­бран­бе­ни пра­ша­ња на аме­ри­кан­ски­от Се­нат збо­ру­ва­ше во ко­рист на Ма­ке­до­ни­ја. Не за­тоа што одед­наш сфа­тил де­ка Гр­ци­ја е ви­нов­на за ве­то­то во Бу­ку­решт или за­тоа што по дол­ги го­ди­ни ана­ли­за нѐ за­са­кал, ту­ку за­тоа што се пла­ши од на­ма­лу­ва­ње­то на аме­ри­кан­ско­то вли­ја­ние на Бал­ка­нот, ка­де што Ру­си­ја сѐ по­сил­но се ин­фил­три­ра пред сѐ енер­гет­ски, но и на по­ли­тич­ко, еко­ном­ско и на кул­тур­но по­ле.

Пред­ло­гот на Џонс е во 2016 го­ди­на, ка­ко од­го­вор на ру­ски­те оби­ди да ста­не по­го­лем фа­ктор на Бал­ка­нот, да би­дат при­ме­ни две­те зем­ји што има­ат жел­ба и по­тен­ци­јал за тоа. Освен Ср­би­ја, ко­ја не­ма жел­ба да би­де дел од али­јан­са­та, и Ко­со­во и Бос­на и Хер­це­го­ви­на, кои не се под­го­тве­ни за при­ем, Ма­ке­до­ни­ја и Цр­на Го­ра се единс­тве­ни­те што мо­жат да би­дат дел од но­во­то про­ши­ру­ва­ње на али­јан­са­та. За Гру­зи­ја и за Укра­и­на ве­ќе ни­кој во за­пад­ни­те цен­три на моќ не раз­го­ва­ра ка­ко за мож­ни кан­ди­да­ти, осо­бе­но во си­ту­а­ци­ја ко­га Пу­тин од го­вор­ни­ца­та на Обе­ди­не­ти­те на­ции пре­ду­пре­ди де­ка Ру­си­ја ве­ќе не­ма да го то­ле­ри­ра ши­ре­ње­то на НА­ТО и де­ка Мос­ква не­ма да се­ди со скр­сте­ни ра­це во вр­ска со про­во­ка­ци­и­те, ка­ко што тој ги на­ре­че, за при­е­мот на но­ви член­ки во али­јан­са­та.

 

Цр­на Го­ра ако е под­го­тве­на, за Ма­ке­до­ни­ја не­ма ди­ле­ми

Искус­ни­от стра­тег со си­от свој ка­па­ци­тет по­ба­ра итен при­ем на Ма­ке­до­ни­ја и на Цр­на Го­ра во НА­ТО. И до­де­ка за Цр­на Го­ра оста­ви про­стор оваа др­жа­ва да не е под­го­тве­на, за Ма­ке­до­ни­ја не­ма­ше ди­ле­ми да­ли тре­ба да би­де во НА­ТО. За Џонс ве­то­то за ма­ке­дон­ски­от при­ем во НА­ТО е тра­ги­чен по­ли­тич­ки конф­ликт во са­ма­та али­јан­са, де­фи­ни­ци­ја ко­ја до­се­га не ја слуш­нав­ме од ни­ту еден за­па­ден прет­став­ник без раз­ли­ка да­ли е акту­е­лен или по­ра­не­шен функ­ци­о­нер.

„Мо­ра­ме да ја ре­а­фир­ми­ра­ме по­ли­ти­ка­та на отво­ре­на вра­та на НА­ТО. НА­ТО мо­ра да ја спре­чи Ру­си­ја во неј­зи­ни­те пла­но­ви да ги за­тво­ри вра­ти­те на НА­ТО за при­ем на ид­ни член­ки. На са­ми­тот во Вар­ша­ва след­на­та го­ди­на НА­ТО тре­ба да ја при­ми Цр­на Го­ра, под прет­по­ста­вка де­ка таа ги ис­пол­ни­ла си­те по­ли­тич­ки и во­е­ни об­вр­ски. Со тоа ќе се на­ма­ли рас­теч­ко­то вли­ја­ние на Ру­си­ја на Бал­ка­нот и ќе се ис­пра­ти си­лен сиг­нал де­ка ви­зи­ја­та за обе­ди­не­та Евро­па сѐ уште е ва­лид­на. Сли­чен на­пор тре­ба да би­де на­пра­вен од стра­на на Ва­шин­гтон за да се деб­ло­ки­ра тра­гич­ни­от по­ли­тич­ки конф­ликт во НА­ТО кој ја спре­чи Ма­ке­до­ни­ја да го за­зе­ме сво­е­то це­лос­но зас­лу­же­но ме­сто ка­ко член­ка на НА­ТО“, из­ја­ви ге­не­ра­лот Џонс пред Ко­ми­те­тот за од­бран­бе­ни пра­ша­ња на Се­на­тот.

 

Кри­тич­на ма­са за про­ши­ру­ва­ње на НА­ТО

Со на­ста­пот на ге­не­ра­лот Џонс во аме­ри­кан­ски­от Се­нат про­дол­жу­ва тра­ди­ци­ја­та на ви­со­ки прет­став­ни­ци на зем­ји-член­ки на НА­ТО или на са­ма­та али­јан­са по за­вр­шу­ва­ње­то на нив­ни­те функ­ции да би­дат искре­ни и да го ка­жат тоа што го мис­лат. Пред две го­ди­ни исто­то го сто­ри по­ра­неш­ни­от ге­не­ра­лен се­кре­тар Џорџ Ро­бер­тсон, кој, до­де­ка бе­ше на по­зи­ци­ја мол­че­ше за да по­тоа ка­же де­ка е го­ле­ма не­прав­да што Ма­ке­до­ни­ја по ви­на на Гр­ци­ја е оста­ве­на над­вор од али­јан­са­та.

Без раз­ли­ка што ба­ра­ње­то за при­ем на Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО до­а­ѓа од по­ра­неш­ни функ­ци­о­не­ри, до­бро е што вли­ја­тел­ни лич­но­сти, осо­бе­но по­чи­ту­ва­ни екс­пер­ти по без­бед­нос­ни пра­ша­ња го за­поч­ну­ва­ат ова пра­ша­ње на де­се­ти­на ме­се­ци пред са­ми­тот на НА­ТО во Вар­ша­ва до­го­ди­на. Со све­до­че­ње­то на ге­не­ра­лот Џонс во Се­на­тот, и со из­ја­ви­те на пол­ски­от ми­ни­стер за од­бра­на, кој пред еден ме­сец из­ја­ви де­ка Пол­ска има об­вр­ска и жел­ба да ра­бо­ти на ма­ке­дон­ски­от влез во НА­ТО, се зго­ле­му­ва за­се­га ма­ла­та гру­па јав­ни под­др­жу­ва­чи за иде­ја­та Ма­ке­до­ни­ја да ги пре­ки­не ве­ќе бес­мис­ле­ни­те го­диш­ни ак­ци­ски про­гра­ми и да ста­не и фор­мал­но член­ка на али­јан­са­та. Да­ли оваа за­се­га ма­ла и на­ви­дум ми­нор­на гру­па за­ед­но со Тур­ци­ја, Сло­ве­ни­ја и се на­де­ва­ме Ал­ба­ни­ја и Бу­га­ри­ја, мо­жат да про­ме­нат не­што на след­ни­от са­мит, за­ви­си од мно­гу ра­бо­ти. Пред сѐ од ко­ли­чи­на­та страв во САД од по­тен­ци­ја­лот на Ру­си­ја да про­ди­ра на Бал­ка­нот ка­ко и од мож­но­ста пред за­ми­ну­ва­ње­то од Бе­ла­та ку­ќа пре­тсе­да­те­лот Оба­ма да на­пра­ви не­што по што ќе ги па­ме­ти Бал­ка­нот и али­јан­са­та во це­ли­на. Од­луч­ни­те ак­ции на Пу­тин во Си­ри­ја, Укра­и­на ка­ко и ане­кси­ја­та на до­го­во­ри­те на Крим за но­ви­те га­со­во­ди во Се­вер­на Евро­па ја ста­ва­ат Аме­ри­ка во си­ту­а­ци­ја во ко­ја мо­ра да сто­ри не­што за да го вра­ти кре­ди­би­ли­те­тот во Евро­па. Ре­чи­си си­те до­бро упа­те­ни се сог­лас­ни де­ка при­е­мот на Ма­ке­до­ни­ја и на Цр­на Го­ра во НА­ТО е нај­без­бол­ни­от на­чин САД и али­јан­са­та да по­ка­жат де­ка не се збу­не­ти од од­не­су­ва­ње­то на Ру­си­ја и де­ка не­ма на­ме­ра да се пов­ле­че од гло­бал­ни­те во­е­но-по­ли­тич­ки ма­не­ври во кои Мос­ква во мо­мен­тов има по­го­лем ус­пех.

kolumna163-general-James-Jones

Ге­не­ра­лот пре­ду­пре­ду­ва на ге­рил­ски ак­ции

Во сво­јот на­стап во Се­на­тот на САД ге­не­ра­лот Џонс ана­ли­зи­ра­ше де­ка Ру­си­ја ќе про­дол­жи да вли­јае на ни­за зем­ји кои се­га не се под неј­зи­на кон­тро­ла и де­ка на­ско­ро мо­же да се слу­чи упад од по­мал обем на ру­ски си­ли на те­ри­то­ри­ја­та на не­ко­ја од член­ки­те на НА­ТО, со што би се по­ка­жа­ло де­ка али­јан­са­та не­ма вол­ја или спо­соб­ност да ги за­шти­ти сво­и­те член­ки од хи­брид­ни ви­до­ви во­ју­ва­ње. При­тоа Џонс не иск­лу­чу­ва де­ка Ру­си­ја би мо­же­ла да ко­ри­сти уфр­ле­ни до­бро­вол­ни ге­рил­ски си­ли про­тив кои те­шко ќе мо­же да се ко­ри­сти чле­нот 5 од до­го­во­рот за НА­ТО ,кој пред­ви­ду­ва под­др­шка на си­те член­ки на НА­ТО за зем­ја­та ко­ја е на­пад­на­та. Спо­ред по­ра­неш­ни­от со­вет­ник за на­ци­о­нал­на без­бед­ност на Оба­ма, аме­ри­кан­ски­от и европ­ски­от од­го­вор на за­си­ле­но­то ру­ско вли­ја­ние тре­ба да со­др­жи и гра­де­ње на енер­гет­ска, те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ска и транс­порт­на ин­фра­стру­кту­ра ко­ја би се про­те­га­ла од Бал­ти­кот на се­вер до Ја­дра­нот на југ, со што на европ­ски­те зем­ји кои би мо­же­ле да пот­пад­нат под сфе­ра­та на ру­ско вли­ја­ние би им се по­ну­ди­ле ал­тер­на­тив­ни из­во­ри на енер­ги­ја и би се на­ма­ли­ла опас­но­ста од упо­тре­ба­та на ру­ски­от гас ка­ко оруж­је во на­та­мош­ни­те од­но­си со Ру­си­ја. Со тоа и Џонс јав­но се спро­тив­ста­ви на за­се­га бло­ки­ра­ни­от про­ект „Тур­ски тек“ со кој ру­ски­от гас пре­ку Цр­но­то Мо­ре, Тур­ци­ја, Гр­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја и Ун­га­ри­ја би вле­гу­вал во ЕУ.

(Текст објавен во 163. број на неделникот Република, 16.10.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top