Отстранет е големиот одрон од карпа, кој синоќа падна околу 23 часот на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница, кај бензинската пумпа на „Макптерол“, во близина на Бигорски манастир.
– Стануваше збор за одрон од карпа со голема димензија. Со соодветна механизација одронот го отстранив, го саниравме и кратерот што го имаше направено врз патот. Сообраќајот сега се одвива без никакви проблеми. Застој во сообраќајот немаше, зашто возилата беа пренасочвани преку патот пред бензиснката пумпа, вели Деар Лиманоски од дебарската секција на „Македонија пат“.
Лиманоски подвлече дека поради обилните дождови присутни изминатите денови, вообичаена е појавата на одрони како на овој пат, така и на патните правци Дебар-Струга, Мелнички-Мост–Центар Жупа, како и на каркот кој води кон селата Гари и Лазарополе. Според него, нивни екипи се постојано на терен во расчистување на одроните. Тој апелира на голема внимателост при движење на споменатите патни правци и делници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.