| четврток, 6 декември 2018 |

Кога „бомбата“ ќе ви се удри од глава

СДСМ се нај­де на те­шки, ви­стин­ски ма­ки. Не е проб­лем ко­га тре­ба да из­ла­же до­ма, тоа за пар­ти­ја­та се ви­ка се­којд­не­вие, а на­ро­дот и та­ка до­бро пре­поз­на­ва ко­га се слу­чу­ва тоа – се мр­да­ат ус­ни­те на чел­ни­ци­те... Гра­да­ци­ја­та на проб­ле­ми­те на­ста­ну­ва ко­га за до­маш­ни по­тре­би ќе тре­ба тоа да го на­пра­ви во ту­ѓи­на. Осо­бе­но во Изра­ел. Ту­ка не по­ма­га­ат ни од­бра­ни ме­ди­у­ми. На ла­га­та ѝ се ку­си но­зе­те, а ра­це­те на Мо­сад се ужас­но дол­ги...

На ми­ро­по­ма­за­ние, или, се­пак, по про­шка во Еру­са­лим? По­ве­ро­јат­но вто­ро­то и, нај­ве­ро­јат­но, во Тел Авив. Ба­ди­ја­ла од­бра­ни ме­ди­у­ми и под­го­тве­ни сце­на­ри­ја, ви­стин­ски кош­мар е ко­га има­те ли­дер што не знае да ги скрие сво­и­те емо­ции и рас­по­ла­га со фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја, ко­ја, ед­но­став­но, откри­ва сѐ. Кол­ку и служ­би­те за т.н. „од­но­си со јав­но­ста“ и со­вет­ни­ци­те да се оби­ду­ва­ат да го на­ма­лат ри­зи­кот од ли­де­ро­ва­та „дар­ба“ да приз­нае сѐ, тие, се­пак, не се вол­шеб­ни­ци ни­ту, пак, искре­но, тол­ку мно­гу им се ра­бо­ти. Еру­са­лим е вр­вот, а спа­си­те­лот од Мур­ти­но и та­ка одам­на игра рол­ја пре­го­ле­ма за сопс­тве­ни­от та­лент, ве­лат поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те. Ова е уште ед­на ка­ра­кте­ри­сти­ка на лу­ѓе­то што ко­ри­стат тре­то ли­це ед­ни­на за се­бе, кон­ста­ти­ра­ат пси­хо­ло­зи­те…

Ка­ко и да е, на­ед­наш се на­о­ѓа во Изра­ел, во си­ту­а­ци­ја во ко­ја дејс­тва­та, за­мис­ле­ни ка­ко „бом­би“ или средс­тво за вра­ќа­ње на власт во ма­тич­на­та зем­ја, мно­гу ги над­ми­наа гра­ни­ци­те на др­жа­ва­та во ко­ја са­ка да вла­дее. На­стра­на што ли­де­рот, кој има оби­чај пеш да ми­ну­ва гра­ни­ци, одед­наш мо­ра да ле­та со ави­он за да стиг­не на от­чет и на про­шка во, спо­ред на­ве­сту­ва­ња­та, до­тич­на­та оште­те­на др­жа­ва. Таа, пак, за ин­вен­тив­но и ин­те­ли­гент­но, ка­ко и це­ла­та сво­ја ор­га­ни­зи­ра­ност и дејс­тву­ва­ње, да ја за­мач­ка и ма­ски­ра ра­бо­та­та – обез­бе­ду­ва и сред­ба со пре­тсе­да­те­лот. Неј­се што тра­е­ње­то се ме­ри во се­кун­ди и единс­твен до­каз е сним­ка­та од мо­би­лен те­ле­фон на не­кој од еки­па­та на опо­зи­ци­ски­от ли­дер, цел­та е по­стиг­на­та. Мол­чат и прес-служ­би­те од ка­би­не­тот, но од дру­га­ва стра­на со фан­фа­ри и хим­ни го вос­пе­ва­ат ве­ли­чес­тве­ни­от од по па­ла­та­та. И тол­ку. Од сред­ба­та ни­што кон­крет­но. След­ни­от со­го­вор­ник го де­ман­ти­ра, но тоа не го спре­чу­ва да про­дол­жи со при­каз­на­та. Си­те, пак, се пра­шу­ва­ат – што ба­ра тој та­му? А ло­ги­ка­та е мно­гу ед­но­став­на. Про­шка. И ни­што по­ве­ќе.

А тие? Ин­фор­ма­ции за не­де­ло­то. И ни­што по­мал­ку… Ви­сти­на­та е де­ка Мо­сад, ед­на од нај­до­бри­те свет­ски без­бед­нос­ни служ­би, има не­ве­ро­јат­но бо­га­то искус­тво со „бом­ба­ши“. Ви­стин­ски. На­стра­на, те­шко де­ка ѝ ве­ру­ва на спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка со по­себ­ни, ми­ли­он­ски по­тре­би. Од пр­ва ра­ка си е од пр­ва ра­ка…

analiza163-2

Ко­га ќе ве соп­не про­то­ко­лот

Под­го­то­вки­те на со­вет­ни­ци­те тра­е­ја дол­го. Свес­ни де­ка не­ма­ат лес­на за­да­ча во „пер­е­ње“ и „пег­ла­ње“ на по­се­та­та, не за­луд­но, со се­бе зе­доа и со­од­вет­ни, по­доб­ни ме­ди­у­ми, кои не­ма ни на крај на умот да пра­ша­ат не­што не­при­јат­но и по­греш­но. Па и та­ка, пар­ти­ја­та се „бо­ри“ за ме­ди­ум­ски­те сло­бо­ди во Ма­ке­до­ни­ја, не во Изра­ел, не­ли?! Оваа ста­ра и поз­на­та пра­кти­ка ве­ќе е пар­ти­ска кла­си­ка. По­ве­ќе па­ти ја при­ме­ни­ја и во Бри­сел. А тоа на што тре­ба да од­го­во­рат е кој го пла­ти па­тот и сме­сту­ва­ње­то на ме­ди­у­ми­те. Нај­ве­ро­јат­но, тој лич­но го пла­тил „аранж­ма­нот“. Па, не­ли, ка­ко што са­ми­от приз­на – За­е­ви се нај­го­ле­ми­те фи­нан­си­е­ри на опо­зи­ци­ја­та. Не­кол­ку евра од кај Ви­це­то за­ми­на­ле и во Изра­ел.

Се­пак, мо­же­ле и по­до­бро да се под­го­тват. Осо­бе­но око­лу про­то­ко­лот. Ед­но­став­но, ка­де и да е во све­тот, на др­жав­нич­ка сред­ба со пре­тсе­да­тел на др­жа­ва, осо­бе­но во Изра­ел, не се оди со свет­ло­сив ко­стум, си­на ко­шу­ла и со цр­на вра­то­вр­ска! Стро­ги­от, др­жав­нич­ки код на об­ле­ку­ва­ње на­ла­га те­мен ко­стум и бе­ла ко­шу­ла. Упс! Ста­ти­ва… Ре­ал­но­ста е по­ве­ќе од ед­но­став­на и ја откри­ва­ат две­те дру­ги сред­би – За­ев бе­ше по­ви­кан на раз­го­вор во Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти на Изра­ел и во тај­на­та служ­ба Мо­сад, што на ни­кој на­чин не се сов­пад­на со при­каз­на­та за по­се­та од тип што СДСМ са­ка­ше да ѝ го про­да­де на јав­но­ста.

analiza163-3

Aleksandar-Dastevski-200Да­штев­ски: Да­ли е ова из­ви­ну­ва­ње­то на За­ев за ште­та­та?

Пред да се ана­ли­зи­ра са­ма­та по­се­та, тре­ба да се по­ста­ви пра­ша­ње­то, зо­што се слу­чу­ва ток­му се­га и зо­што ток­му на таа др­жа­ва, ве­ли до­цент д-р Але­ксан­дар Да­штев­ски, чиј­што ре­сор е ме­ѓу­на­род­но­то пра­во. Спо­ред не­го, има др­жа­ви ка­де што на власт се со­ци­јал-де­мо­крат­ски пар­тии, па, мо­же­би, во овие те­шки мо­мен­ти за опо­зи­ци­ја­та по­се­та­та на та­ква др­жа­ва би би­ла мно­гу по­ко­рис­на за За­ев откол­ку по­се­та­та на Изра­ел?

ДАШТЕВСКИ: Во кон­текст на пра­ша­ње­то, ка­ко клуч­на со­лу­ци­ја тре­ба да се по­ста­ви да­ли ова е из­ви­ну­ва­ње за ште­та­та што За­ев ѝ ја на­пра­ви на др­жа­ва­та Изра­ел во те­кот на еу­фо­ри­ја­та на об­ја­ву­ва­ње­то на прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри, та­ка­на­ре­че­ни „бом­би“. То­гаш За­ев не­про­мис­ле­но об­ја­ви раз­го­вор на изра­ел­ски опе­ра­ти­вец од Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на, а по раз­го­во­рот ја об­ја­ви не­го­ва­та пат­на ис­пра­ва, што не е доз­во­ле­но ни спо­ред на­ши­те по­зи­тив­но прав­ни про­пи­си би­деј­ќи лич­ни­те по­да­то­ци се за­шти­те­ни спо­ред за­кон, а да не го­во­ри­ме за стран­ски др­жав­ја­ни. Ва­ков слу­чај не е за­бе­ле­жан во све­тот. Ние сме све­до­ци на раз­ни актив­но­сти на тај­ни­те служ­би, но ни­ко­гаш не се пу­ште­ни раз­го­во­ри ме­ѓу нив­ни­те служ­бе­ни­ци, ни­ту се об­ја­ву­ва­ни нив­ни­те лич­ни по­да­то­ци.

Изра­ел­ска­та ар­ми­ја е ме­ѓу пр­ви­те де­сет во све­тот, а нив­на­та тај­на служ­ба Мо­сад е ме­ѓу пр­ви­те пет. Се ра­бо­ти за иск­лу­чи­тел­но про­фе­си­о­нал­на и се­ри­оз­на служ­ба, ко­ја не доз­во­лу­ва ва­кви пре­се­да­ни. Ко­га ќе се на­не­се ште­та на служ­ба­та, ка­ко што на­пра­ви За­ев откри­вај­ќи лич­ни по­да­то­ци на неј­зин опе­ра­ти­вец, со што ди­рект­но ја за­гро­зи не­го­ва­та без­бед­ност и ја ком­про­ми­ти­ра­ше др­жа­ва­та Изра­ел, ко­ја не доз­во­лу­ва да ѝ се слу­чу­ва­ат ва­кви уда­ри, тој се до­ве­де и се­бе­си во опас­на со­стој­ба.

Не­го­ва­та служ­ба за од­но­си со јав­но­ста има на­пра­ве­но про­це­на, по­со­чу­ва Да­штев­ски, де­ка таа гре­шка мо­же да би­де мно­гу опас­на за За­ев и за не­го­ва­та пар­ти­ја, па оваа по­се­та, за ко­ја сил­но е ло­би­ра­но, мо­же да се сме­та ка­ко обид за из­ви­ну­ва­ње од не­го­ва стра­на.

ДАШТЕВСКИ: За до­бри­те поз­на­ва­чи на со­стој­би­те во ме­ѓу­на­род­на­та по­ли­ти­ка е јас­но де­ка Изра­ел мо­же да го при­ми од дип­ло­мат­ски при­чи­ни во кур­то­аз­на по­се­та, но ни­ко­гаш не­ма да му ја про­сти гре­шка­та. Од до­би­ва­ње на не­за­вис­но­ста во 1947 го­ди­на до де­нес, во од­но­си­те со це­ли­от свет тие го при­ме­ну­ва­ат та­ли­он­ско­то на­че­ло. Тоа зна­чи де­ка на За­ев и на не­го­ва­та пар­ти­ја ќе им би­де вра­те­но со иста ме­ра – да­ли ди­рект­но или ин­ди­рект­но, но тие ќе би­дат иском­про­ми­ти­ра­ни.

Да се по­тсе­ти­ме на убис­тво­то на изра­ел­ски­те спор­ти­сти на Олим­пи­ски­те игри во Мин­хен во 1972 го­ди­на. То­гаш беа уби­е­ни двај­ца ат­ле­ти­ча­ри, а де­вет беа др­же­ни во за­лож­ниш­тво и по­тоа уби­е­ни од стра­на на па­ле­стин­ска­та те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја 8 Сеп­тем­ври. Изра­ел­ска­та вла­да два­е­сет го­ди­ни спро­ве­ду­ва­ше атен­та­ти врз си­те што учес­тву­ва­ле во пла­ни­ра­ње на овој чин, сѐ до­де­ка не го уби и пос­лед­ни­от учес­ник.

За­тоа мо­же­ме да зак­лу­чи­ме де­ка оваа кур­то­аз­на по­се­та, ко­ја е обич­на па­ро­ди­ја, тре­ба да се тол­ку­ва ка­ко опа­сен че­кор за За­ев, од при­чи­ни што до­кол­ку Изра­ел­ци­те го за­бо­ра­ви­ле тоа што го на­пра­вил, не­ма­ше да го при­мат. По по­се­та­та, со си­гур­ност, мо­же да се оче­ку­ва тие да му вра­тат на ист на­чин за тоа што им го на­пра­ви.

 

Risto-Nikovski-analizaНи­ков­ски: Во Изра­ел му одр­жаа лек­ци­ја

По­се­та­та на За­ев на Изра­ел, се­ка­ко, прет­ста­ву­ва из­не­на­ду­ва­ње, ве­ли по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор и др­жа­вен се­кре­тар во МНР, Ри­сто Ни­ков­ски, спо­ред кој по ло­ги­ка­та на не­шта­та, тој бе­ше та­му на нив­на по­ка­на и не­ма ни­ка­ква ос­но­ва, ни­ту ка­ков би­ло мо­тив, ини­ци­ја­ти­ва­та да е на За­ев. Впро­чем, и да бе­ше, ќе на­и­де­ше на со­сем по­и­на­ков трет­ман, це­ни Ни­ков­ски, а, aко ве­ќе го по­ка­ни­ле, мо­ра­ле да има­ат се­ри­оз­на при­чи­на.

НИКОВСКИ: Ако се оби­де­ме да го пре­ци­зи­ра­ме по­во­дот, не­ма­ме го­лем из­бор. Единс­тве­ни­от мо­тив за Изра­ел­ци­те мо­же да би­дат са­мо „бом­би­те“. При­каз­на­та за нив и вр­ска­та со Изра­ел до­бро ги зна­е­ме. Де­ка е тоа рам­ка­та на по­се­та­та по­ка­жу­ва­ат и две­те глав­ни сред­би што ги има За­ев во Тел Авив – со за­ме­ни­кот пре­ми­ер и ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти и со вто­ри­от чо­век на нив­на­та тај­на служ­ба – Мо­сад. Зна­чи, со стру­кту­ри­те што се над­леж­ни за без­бед­но­ста. Не тре­ба да има ди­ле­ма: те­ма­та мо­же да би­де са­мо со­ра­бо­тка­та ме­ѓу две­те зем­ји на без­бед­но­сен план. Ако е та­ка, а та­ка изг­ле­да, при­чи­на­та мо­же да би­де са­мо уда­рот што го до­жи­веа таа со­ра­бо­тка со об­ја­ву­ва­ње­то на „бом­би­те“. Дру­го об­јас­ну­ва­ње не­ма, ни­ту мо­же да има.

Не­кој ќе пра­ша – а, зо­што го при­мил пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та? Тоа е го­ле­ма чест за За­ев. Тоа е точ­но. Ме­ѓу­тоа, об­јас­ну­ва­ње­то е ед­но­став­но: без­бед­но­ста на Изра­ел е клу­чен при­о­ри­тет за зем­ја­та. Зна­е­ме и зо­што: око­лу шест ми­ли­о­ни Евреи се оп­ко­ле­ни со пре­ку 130 ми­ли­о­ни не­при­ја­тел­ски рас­по­ло­же­ни Ара­пи. Од тие при­чи­ни, Мо­сад е др­жа­ва во др­жа­ва­та. Тоа е ед­на од нај­сил­ни­те и најс­по­соб­ни тај­ни служ­би во све­тот. Та­ка, при­е­мот кај пре­тсе­да­те­лот, кој си­гур­но тра­ел кра­тко, е по­ра­ка де­ка ни­кој не тре­ба да си игра со нив­на­та без­бед­ност, а нај­мал­ку да об­ја­ву­ва по­да­то­ци за нив­ни аген­ти. Тоа го по­твр­ди и За­ев пре­не­су­вај­ќи ја по­ра­ка­та на пре­тсе­да­те­лот: „об­вр­ска на по­ли­ти­ча­ри­те е да се гри­жат за без­бед­но­ста на гра­ѓа­ни­те!“ Или, со дру­ги збо­ро­ви – да не ги ури­ва­ат сопс­тве­ни­те и ту­ѓи­те без­бед­нос­ни си­сте­ми!

Изра­ел е све­сен де­ка ни прет­сто­јат из­бо­ри, ве­ли Ни­ков­ски и со овој по­тег, тие са­ка­ат да се обез­бе­дат од но­ви не­од­го­вор­ни по­те­зи на За­ев и не­го­ви­те.

НИКОВСКИ: За­ев, оправ­да­но се гор­дее со че­ста што му бе­ше при­ре­де­на и дол­го ќе се фа­ли со сли­ки­те од по­се­та­та. Се­пак, та­му му бе­ше одр­жа­на лек­ци­ја што ќе ја пам­ти и ко­ја мо­ра­ше мно­гу по­ра­но да ја на­у­чи. На при­мер, де­ка не­ма зем­ја во све­тот во ко­ја не се прис­лу­шу­ва­ат дип­ло­ма­ти­те, кои, за „воз­врат“, во ам­ба­са­ди­те има­ат „глу­ви со­би“ за ко­ле­ги­у­ми­те, за да не им се пи­ка­ат ту­ѓи уши!

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 163. број на неделникот „Република“, 16.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top