На 30 октомври, во Музејот на град Скопје со почеток во 20 часот, ќе се одржи несекојдневен концерт на електроакустична музика, со дела од младата, но веќе и светски афирмирана композиторка Ана Пандевска. На програмата се дела за пијано, гитара, хорна и четирирачно пијано и трака, меѓу кои ,,Landscape Atmosphere“, ,,Life in a box“ , ,,Echo Illusions”, ,,The space time traveler“…
На концертот ќе настапат музичките уметници Дуња Иванова (пијано), Ади Имери (гитара), Никола Велковски (хорна) и Ива Виденовиќ (пијано).
Ана Пандевска дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на одделот за композиција. Пројавува интерес за вокалната музика, фолклорот и џезот што се чувствува како инспирација во дел од нејзините композиции. Во последните неколку години истражува во областа на електроакустичната музика. Како редовен член на СОКОМ, Пандевска е добитник на три награди за класична композиција. Нејзините дела редовно се изведуваат на фестивалот ,,Денови на македонска музика“, како и на концерти во САД, Србија, Словенија, БиХ, Македонија. Автор е на солистички, камерни, хорски и симфониски композиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.