| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовци заинтересирани за „Купи куќа, купи стан“

tetovo

Карванот „Купи куќа, купи стан“ вчера имаше презентација во Тетово во Домот на АРМ. На тетовци, кои изразија голем интерес за проектот, од страна на преставникот на Министерството за финансии им беше објаснето колку субвенција можат да добијат за станбен кредит, кој може да аплицира и каква е постапката.

На презентацијата учествуваа и градежни компании со локална понуда на станови и банките што се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“.

tetovo1

Карванот „Купи куќа, купи стан“ имаше за цел да го приближи проектот до сите граѓани што имаат потреба од него. Презентации освен во Тетово, беа одржани во Охрид, Куманово, Прилеп, Битола, Велес, Гевгелија, Штип и Свети Николе.

Од 29 октомври до 1 ноември во Скопје ќе се одржи и саем „Купи куќа, купи стан“ во „Скопје сити мол“. Градежните компании кои ќе земат учество за време на саемот ќе понудат специјални попусти на станбениот квадрат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top