Премиерот Никола Груевски, на маргините на Конгресот на ЕПП во Мадрид, имаше средба со норвешката премиерка Ерна Солберг.
Соговорниците, информираат од владината прес-служба, дадоа позитивна оценка за меѓусебните односи што ги карактеризира пријателство, меѓусебно почитување и поддршка.
Премиерот Груевски ја информираше норвешката колешка Солберг за економско-политичката ситуација на Македонија, за реформите што се преземаат и за посветеноста на Владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Солберг ја потврди поддршката на Норвешка за македонската интеграција во НАТО. Посочи дека Норвешка е пријател на Македонија.
Двајцата премиери изразија заемна подготвеност за дополнително продлабочување на односите, особено во економијата и искористување на потенцијалите што стојат на располагање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски