| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен осомничен припадник на Исламската држава од Скопје

lisiciМинистерството за внатрешни работи го лиши од слобода С.Ф.(23) од Скопје по кого трагаше од август годинава. Во рамки на акцијата „Ќелија“, против него е поднесена кривична пријава за кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.

На пријавениот од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор. Според сознанијата, пријавениот пролетта оваа година бил припадник на т.н. Исламска држава во Сирија. Тој и претходно бил познат сторител на насилни имотни кривични дела.

Оперативната акција „Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување лица да се приклучат во паравоените формации.

Исто така, беа собрани и докази за сокривање лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на РМ или, пак, се обиделе во тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга и беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лаптопи, таблети, мобилни телефони…).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top