Во новиот број на неделникот Република ќе читате:
Хан разочаран
Стравот од избори го блокира договорот
Хан се разочара. Човекот е научен дека кога веќе е постигнат договор за една работа, та и сто точки да содржи, работите треба да се движат по таа линија. Хан не ја научи лекцијата дека тука, во Македонија, Заев си ја турка својата идеја – главен адут на црната кампања да бидат снимките, да ги заштити криминогените структури и досиејата поврзани со нелегално снимање, а на избори да оди со комплетна своја инсталација во полицијата, за да може повторно да го негира изборниот пораз. Неизвесноста со европската иднина што ја споменува Хан, е најмалку само уште еден адут за Заев за може да ги кочи преговорите.
Проблем: Кога лагата ви станува навика
Патолошките лаги на оксиморонскиот спасител
Решија ли „државниците“ да ја уништат државата што не можат да ја владеат? Во стилот на кооперациски швалер, кој не може ни насон да се приближи до срцето на посакуваниот женски објект, опозиционерите го продолжија деценискиот филм, кој вели – тоа што не можеш да го имаш: демолирај го, разнебити го, лажи, накодоши го и згази го! Водени од логиката дека во таква, лоша форма, полесно ќе ја добиеш во владение. Поевтино…
Тензии на линијата на огнот
Грузија, Македонија и Молдавија, на ред е Црна Гора
Полека но сигурно, се заокружува листата на земјите што американскиот државен секретар лани ги спомена како држави на линија на огнот меѓу двете суперсили. По Грузија, каде што Русија презеде контрола врз два региона по конфликтот пред неколку години, Украина и Молдавија, каде што причините за масовните протести беше корупцијата тешка една милијарда, годинава уште две земји на линијата на огнот се зафатени со сериозни политички кризи. По бомбите на опозицијата и по кризата што трае веќе десетина месеци, на ред е Црна Гора, која се соочува со најсериозна ситуација од својата независност
Ден на македонската револуционерна борба
Празникот што за многумина е само неработен ден
Македонија веќе девет години на 23 октомври го празнува Денот на револуционерната борба, но откако во 2007 година беше изгласан во Собранието, тој сега е оспоруван од опозицијата. Колку се реални тврдењата дека кога сегашната опозиција ќе се врати во Владата, во Законот за празници ќе биде избришан денот кога пред 122 години шестмина македонски револуционери ја формирале историската ВМРО?
Топлификација „изгор“ за граѓаните
Извршители во лов на должници
Голем број граѓани завршуваат на адвокат, нотар или на извршител поради неплатена сметка за домаќинство. Најголем дел од нив тврдат дека воопшто и не знаеле дека против нив се води постапка, а има и такви кои се обидуваат да го одложат решението, со тоа што одбиваат да ја примат доставата за наплата. Нотарите советуваат дека со тоа не се постигнува ништо, бидејќи одбивањето се смета за уредна достава, а доколку не се дома еднаш или двапати – добиваат известување каде треба да се јават.
Скандалите и цените ги избркаа верниците
Смешни владици, празни цркви
Се чини дека Македонската православна црква, односно досетливиот архиепископ, го осмисли најоригиналното решение за деценискиот проблем во Австралија. Едноставно, да ги поништат, избришат Македонците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст