| четврток, 6 декември 2018 |

Стравот од избори го блокира договорот

naslovna164-1

Во новиот број на неделникот Република ќе читате:

 

Хан разочаран

Стравот од избори го блокира договорот

Хан се разочара. Човекот е научен дека кога веќе е постигнат договор за една работа, та и сто точки да содржи, работите треба да се движат по таа линија. Хан не ја научи лекцијата дека тука, во Македонија, Заев си ја турка својата идеја – главен адут на црната кампања да бидат снимките, да ги заштити криминогените структури и досиејата поврзани со нелегално снимање, а на избори да оди со комплетна своја инсталација во полицијата, за да може повторно да го негира изборниот пораз. Неизвесноста со европската иднина што ја споменува Хан, е најмалку само уште еден адут за Заев за може да ги кочи преговорите.

 

Проб­лем: Ко­га  ла­га­та ви ста­ну­ва на­ви­ка

Па­то­ло­шки­те ла­ги на окси­мо­рон­ски­от спа­си­тел

Ре­ши­ја ли „др­жав­ни­ци­те“ да ја уни­штат др­жа­ва­та што не мо­жат да ја вла­де­ат? Во сти­лот на ко­о­пе­ра­ци­ски шва­лер, кој не мо­же ни на­сон да се приб­ли­жи до ср­це­то на по­са­ку­ва­ни­от жен­ски об­јект, опо­зи­ци­о­не­ри­те го про­дол­жи­ја де­це­ни­ски­от филм, кој ве­ли – тоа што не мо­жеш да го имаш: де­мо­ли­рај го, раз­не­би­ти го, ла­жи, на­ко­до­ши  го и зга­зи го!  Во­де­ни од ло­ги­ка­та де­ка во та­ква, ло­ша фор­ма, по­лес­но ќе ја до­би­еш во вла­де­ние. По­е­вти­но…

 

Тен­зии на ли­ни­ја­та на ог­нот

Гру­зи­ја, Ма­ке­до­ни­ја и Мол­да­ви­ја, на ред е Цр­на Го­ра

По­ле­ка но си­гур­но, се за­о­кру­жу­ва ли­ста­та на зем­ји­те што аме­ри­кан­ски­от др­жа­вен се­кре­тар ла­ни ги спо­ме­на ка­ко др­жа­ви на ли­ни­ја на ог­нот ме­ѓу две­те су­пер­си­ли. По Гру­зи­ја, ка­де што Ру­си­ја пре­зе­де кон­тро­ла врз два ре­ги­о­на по конф­ли­ктот пред не­кол­ку го­ди­ни, Укра­и­на и Мол­да­ви­ја, ка­де што при­чи­ни­те за ма­сов­ни­те про­те­сти бе­ше ко­руп­ци­ја­та те­шка ед­на ми­ли­јар­да, го­ди­на­ва уште две зем­ји на ли­ни­ја­та на ог­нот се за­фа­те­ни со се­ри­оз­ни по­ли­тич­ки кри­зи. По бом­би­те на опо­зи­ци­ја­та и по кри­за­та што трае ве­ќе де­се­ти­на ме­се­ци, на ред е Цр­на Го­ра, ко­ја се со­о­чу­ва со нај­се­ри­оз­на си­ту­а­ци­ја од сво­ја­та не­за­вис­ност

 

Ден на ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба

Праз­ни­кот што за мно­гу­ми­на е са­мо не­ра­бо­тен ден

Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе де­вет го­ди­ни на 23 октом­ври го праз­ну­ва Де­нот на ре­во­лу­ци­о­нер­на­та бор­ба, но отка­ко во 2007 го­ди­на бе­ше изг­ла­сан во Со­бра­ни­е­то, тој се­га е ос­по­ру­ван од опо­зи­ци­ја­та. Кол­ку се ре­ал­ни твр­де­ња­та де­ка ко­га се­гаш­на­та опо­зи­ци­ја ќе се вра­ти во Вла­да­та, во За­ко­нот за праз­ни­ци ќе би­де из­бри­шан де­нот ко­га пред 122 го­ди­ни шест­ми­на ма­ке­дон­ски ре­во­лу­ци­о­не­ри ја фор­ми­ра­ле исто­ри­ска­та ВМРО?

 

Топлификација „изгор“ за граѓаните

Извршители во лов на должници

Го­лем број гра­ѓа­ни за­вр­шу­ва­ат на ад­во­кат, но­тар или на из­вр­ши­тел по­ра­ди неп­ла­те­на сме­тка за до­ма­ќинс­тво. Нај­го­лем дел од нив твр­дат де­ка во­оп­што и не зна­е­ле де­ка про­тив нив се во­ди по­стап­ка, а има и та­кви кои се оби­ду­ва­ат да го од­ло­жат ре­ше­ни­е­то, со тоа што од­би­ва­ат да ја при­мат до­ста­ва­та за нап­ла­та. Но­та­ри­те со­ве­ту­ва­ат де­ка со тоа не се по­стиг­ну­ва ни­што, би­деј­ќи од­би­ва­ње­то се сме­та за уред­на до­ста­ва, а до­кол­ку не се до­ма ед­наш или два­па­ти – до­би­ва­ат из­ве­сту­ва­ње ка­де тре­ба да се ја­ват.

 

Скан­да­ли­те и це­ни­те ги из­бр­каа вер­ни­ци­те

Смеш­ни вла­ди­ци, праз­ни цр­кви

Се чи­ни де­ка Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, од­нос­но до­сет­ли­ви­от ар­хи­е­пи­скоп, го ос­мис­ли­ нај­о­ри­ги­нал­но­то ре­ше­ние за де­це­ни­ски­от проб­лем во Ав­стра­ли­ја. Ед­но­став­но, да ги по­ни­штат, из­бри­шат Ма­ке­дон­ци­те.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top