Иницијативата поднесена од адвокат од Свети Николе со која бара оценување на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство ќе биде ставена на дневен ред на седница на Уставниот суд по целосно завршување на активностите на претходната постапка и прибирање на потребните материјали кои се неопходни за работење и одлучување по предметот, информираа денеска од Судот.
– Иницијативата е дадена во работа на судија известител и државен советник и се преземаат активности на претходна постапка согласно со одредбите на Деловникот на Уставниот суд, велат од Судот.
На веб-страницата на Уставниот суд (www.ustavensud.mk) ќе биде објавено кога наведениот предмет ќе биде ставен на дневен ред на седница на Судот за разгледување и одлучување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа