| четврток, 6 декември 2018 |

Највлијателните претставници на ЛГБТ во светот

_flag_svg

Организацијата „Аутстендинг“ и финансиското издание „Фајненшл тајмс“, трета година по ред подготвија листа на 100 највлијателни претставници на ЛГБТ-заедницата (лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци) во светот, кои заземаат раководни позиции во различни компании.
Оваа година, за прв пат на чело на листата е жена. Тоа е Инга Биел, првата извршна директорка на осигурителниот пазар со 327-годишна историја „Лоидс оф Лондон“, која е бисексуалка.

Инга Биел

Инга Биел

Кога станува збор за ЛГБТ-шефови на компании, обично Тим Кук е првото име на кое помислуваме. Од „Аутстендинг“, сепак, објавуваат дека не успеале да добијат неговото одобрение да биде вклучен во рангирањето.
Првите петмина на оваа ранг-листа се Ален Џојс, извршен директор на австралиската авиокомпанија „Куантас“, Антонио Симоес, главен извршен директор на „ХСБЦ Банк плц“, Мартин Ротблат, главен извршен директор на „Јунајтед терапеутикс“ (и основач на сателитското радио „Сириус“) која е и највисоко рангиран претставник на транссексуалците, и Клудија Брајнд-Вуди, потпретседател и управен директор на „ИБМ“.

Мартин Ротблат

Мартин Ротблат

Всушност, секој може да биде номиниран за вклучување во рангирањето на сајтот на „Аутстендинг“, но оние што спаѓаат во неа, треба да заземат позиција која е на меѓу 1 и 3 ниво од онаа на главниот извршен директор. Активизмот поврзан со ЛГБТ-заедницата надвор од работното место и достигнувањата во бизнисот, во последно време, исто така се земаат предвид.
Според организацијата, слично признание е од суштинско значење, со оглед на фактот дека веројатноста ЛГБТ-вработените кои не се изјасниле отворено за својата сексуалност, да ја напуштат компанијата во првите три години, е 70 отсто поголема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top