| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Стојчевска-Чапова: Маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја ќе ги за­ме­ни оста­на­ти­те ди­јаг­но­стич­ки ме­то­ди

Октом­ври е ме­сец на бор­ба про­тив ра­кот, а 15 октом­ври е Ме­ѓу­на­ро­ден ден на здра­ви­те дој­ки. Се ве­ли де­ка не по­стои пре­вен­ци­ја од рак на дој­ка, ту­ку пре­вен­ци­ја­та е во ра­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње на бо­ле­ста. Иа­ко не­до­вол­но, се­пак во пос­лед­на­та де­це­ни­ја се за­бе­ле­жу­ва зна­чен по­раст на па­ци­ен­ти­те кои пра­кти­ку­ва­ат пре­вен­тив­ни прег­ле­ди во Ма­ке­до­ни­ја. Свес­но­ста е нај­и­зра­зе­на кај же­ни­те на во­зраст под 50 го­ди­ни, кои во зна­ча­ен број пра­кти­ку­ва­ат са­мо­прег­лед, ре­дов­ни се на пре­вен­тив­ни­те прег­ле­ди, по­ка­жу­ва­ат ин­фор­ми­ра­ност за бо­ле­сти­те на дој­ка­та и, се­ка­ко, по­ка­жу­ва­ат по­го­ле­ма со­ра­бо­тка во пла­ни­ра­ње­то на пре­вен­ци­ја­та и на еве­ту­ал­ни­от план за до­ди­јаг­но­сти­ка и трет­ман, ве­ли д-р Стој­чев­ска Ча­по­ва

Број­ни­те кам­па­њи,пре­да­ва­ња, на­пи­си во вес­ни­ци­те, еми­сии, раз­го­во­ри и по­тсет­ни­ци го одра­бо­ти­ја сво­е­то, ма­ке­дон­ска­та же­на поч­на да ста­ну­ва свес­на за бо­ле­сти­те на дој­ка­та. Ра­на­та ди­јаг­но­сти­ка е клуч­ни­от мо­мент во ле­ку­ва­ње­то и ос­но­вен пре­дус­лов кај из­ле­ку­ва­ње­то на ра­кот на дој­ка. Де­нес го­во­ри­ме за 90 от­сто из­ле­ку­ва­ње на оваа бо­лест. Ос­нов­ни ус­ло­ви се про­фе­си­о­на­лен ме­ди­цин­ски тим и са­мо­свес­на ко­о­пе­ра­тив­на же­на ко­ја има ре­дов­ни пре­вен­тив­ни прег­ле­ди, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Ма­ја Стој­чев­ска Ча­по­ва, ра­ди­о­лог во „Аџи­ба­дем Си­сти­на“.

Да­ли ма­мо­гра­фи­ја­та е до­вол­на да се спре­чи по­ја­ва­та на рак на дој­ка?

ЧА­ПО­ВА: Ма­мо­гра­фи­ја­та е ос­но­вен ра­ди­о­ло­шки ме­тод при ди­јаг­но­сти­ка­та на бо­ле­сти­те на дој­ка­та и прв ме­тод иск­лу­чи­во по­све­тен на овој ор­ган. Ка­ко ме­тод е во­ве­ден во 60-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, ко­га се кон­стру­и­ра­ни и ма­ши­ни­те-ма­мо­гра­фи. Апа­ра­тот се раз­ли­ку­ва од оста­на­ти­те ренд­ген апа­ра­ти, про­из­ве­ду­ва т.н. ме­ки зра­ци (до­за­та на зра­че­ње е не­кол­ку­крат­но по­ма­ла откол­ку кај стан­дард­ни­те ренд­ген ма­ши­ни). Во те­кот на сни­ма­ње­то се ко­ри­сти при­ти­сок (дој­ка­та се при­ти­ска по­ме­ѓу 2 пло­чи) со цел да се на­ма­лат дви­жеч­ки­те ар­те­фа­кти, да се до­бие по­јас­на сли­ка, но и да се на­ма­ли ра­ди­ја­ци­ска до­за. Де­нес до­за­та на зра­че­ње ко­ја се до­би­ва при ед­на ру­тин­ска ма­мо­гра­фи­ја е ед­на­ква на до­за­та што ја до­би­ва­ме при еден ин­тер­кон­ти­нен­та­лен лет. По­сто­јат сто­ти­ци сту­дии кои ја ана­ли­зи­ра­ле ко­рис­но­ста на ма­мо­гра­фи­ја­та. Во зем­ји­те ка­де што ре­дов­но се пра­кти­ку­ва ма­мо­граф­ско­то ске­ни­ра­ње, во пос­лед­ни­ве де­це­нии е за­бе­ле­жан пад на мор­та­ли­те­тот за око­лу 25 от­сто. Про­сеч­на­та ди­мен­зи­ја на кар­ци­но­мот во мо­мен­тот ко­га же­на­та прв­пат ќе го за­бе­ле­жи (во за­вис­ност од го­ле­ми­на­та на дој­ки­те) е око­лу 15 мм. Со ма­мо­гра­фи­ја­та мо­же да се забележи ве­ќе од 2-3 мм. Но, не е сѐ та­ка ед­но­став­но. И таа има свои огра­ни­чу­ва­ња. Сен­зи­тив­но­ста на ме­то­дот е во ди­рект­на за­вис­ност од стру­кту­ра­та на тки­ва­та. Кај мла­ди дој­ки сен­зи­тив­но­ста на ма­мо­гра­фи­ја­та мо­же да опад­не до 45 от­сто, што зна­чи де­ка мно­гу лес­но по­ло­ви­на од кар­ци­но­ми­те мо­же да се скри­јат и да не би­дат на­вре­ме пре­поз­на­е­ни. На ма­мо­граф­ска­та сли­ка нор­мал­но­то жлез­де­но тки­во, пот­пор­но­то тки­во, ци­сти­те и си­те бе­ниг­ни со­стој­би, но и кар­ци­но­ми­те на дој­ка­та, се при­ка­жу­ва­ат ка­ко бе­ли дам­ки. Ко­га ко­ли­чи­на­та на бе­ли­те дам­ки е мно­гу го­ле­ма (нај­че­сто кај пом­ла­ди­те), тие ед­на со дру­га се по­кри­ва­ат и те­шко се рас­поз­на­ва­ат. Во овие си­ту­а­ции е важ­но прег­ле­дот да го на­до­пол­ни­ме со ул­траз­вук, кој обрат­но од ма­мо­гра­фи­ја­та е мно­гу по­о­сет­лив кај мла­ди­те дој­ки. По­сто­јат ти­по­ви кар­ци­но­ми кои по сво­ја­та де­фи­ни­ци­ја, по на­чи­нот на кој рас­тат, се не­вид­ли­ви на ма­мо­гра­фи­ја и на ул­траз­вук. Та­кви се 0,5-3 от­сто во за­вис­ност од сту­ди­и­те. Овие кар­ци­но­ми нај­че­сто ги сре­ќа­ва­ме кај па­ци­ен­ти­те кои има­ат изра­зе­на се­меј­на исто­ри­ја или се но­си­те­ли на ге­ни­те БР­ЦА 1 и БР­ЦА 2, ка­ко и кај па­ци­ен­ти со зго­ле­мен ли­чен ри­зик. По­сто­јат по­ве­ќе пре­дус­ло­ви за ква­ли­тет­на ма­мо­гра­фи­ја, ка­ко што се ква­ли­тет­на ма­ши­на (ко­ја е ре­дов­но кон­тро­ли­ра­на), ка­дар кој е обу­чен да ра­ку­ва со неа и, се­ка­ко, искус­ни ле­ка­ри супс­пе­ци­ја­ли­зи­ра­ни во об­ла­ста на ди­јаг­но­сти­ка на дој­ки­те. От­ту­ка, ма­мо­гра­фи­ја­та е ос­но­вен об­је­кти­вен ме­тод кој се упо­тре­бу­ва во ди­јаг­но­сти­ка на дој­ка­та, но ни­ка­ко не е единс­твен. Со раз­во­јот на тех­но­ло­ги­и­те во пос­лед­ни­те де­це­нии и ди­јаг­но­сти­ка­та на дој­ка зна­чај­но на­пред­на.

Ма­мо­гра­фи­ја­та сѐ уште се упо­тре­бу­ва би­деј­ќи е до­стап­на, ефи­кас­на, бр­за, евти­на и,се­ка­ко, за­тоа што ус­пеа зна­чај­но да го на­ма­ли мор­та­ли­те­тот од кар­ци­ном на дој­ка.

По­сто­јат не­кол­ку ди­јаг­но­стич­ки про­це­ду­ри на дој­ка: ул­траз­вук на дој­ка, ма­мо­гра­фи­ја и маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја на дој­ки, би­оп­си­ја и пре­до­пе­ра­тив­но бе­ле­же­ње. Што оп­фа­ќа маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја на дој­ки?

ЧА­ПО­ВА: Ул­траз­ву­кот е втор нај­чест ме­тод кој се упо­тре­бу­ва во ди­јаг­но­сти­ка­та на дој­ки­те. Има зна­чај­но по­го­ле­ма сен­зи­тив­ност кај мла­ди гу­сти гра­ди во од­нос на ма­мо­гра­фи­ја­та, не упо­тре­бу­ва „икс“ зра­ци (се ко­ри­сти и кај бре­ме­ни же­ни), не по­сто­јат скри­е­ни зо­ни во те­кот на прег­ле­дот, мно­гу лес­но ја пра­ви раз­ли­ка­та по­ме­ѓу ци­ста и со­ли­ден ту­мор, евтин е до­ста­пен, но е иск­лу­чи­тел­но суб­је­кти­вен. Ис­хо­дот од ул­траз­вуч­ни­от прег­лед иск­лу­чи­тел­но за­ви­си од искус­тво­то на ле­ка­рот. Би­оп­си­и­те се не­оп­ход­ни до­пол­ни­тел­ни ме­то­ди кои се упо­тре­бу­ва­ат она­му ка­де е по­ста­ве­но сом­не­ние за кар­ци­ном. Пре­до­пе­ра­тив­но­то бе­ле­же­ње е тех­ни­ка ко­ја се упо­тре­бу­ва од две при­чи­ни, ед­на­та е на­ви­га­ци­ја на хи­рур­гот при хи­рур­шки екс­ци­зи­ски би­оп­сии. Вто­ра­та при­чи­на е од­бе­ле­жу­ва­ње на ма­ли ту­мо­ри и кар­ци­но­ми со цел ми­ни­мал­но ин­ва­зи­вен трет­ман.

SAS_7092 (Custom)

Маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја е ме­тод кој отво­ра но­ви ди­мен­зии во це­ло­куп­на­та ди­јаг­но­сти­ка

Мал­ку­ми­на зна­ат де­ка пр­ви­от пред­мет на ин­те­рес за маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја би­ле ток­му дој­ки­те. Сен­зи­тив­но­ста на МР се дви­жи 99–100 от­сто. Стру­кту­ра­та на дој­ки­те не­ма ни­ка­кво вли­ја­ние кон сен­зи­тив­но­ста. Ме­то­дот не упо­тре­бу­ва јо­ни­зи­рач­ко зра­че­ње. Иде­ал­но ја при­ка­жу­ва дој­ка­та и окол­ни­те стру­кту­ри, ка­ко де­лот под па­зу­ви­те, му­ску­ла­ту­ра­та и крв­ни­те са­до­ви, што е од го­ле­ма по­мош во про­цен­ка­та на бо­ле­ста. Единс­тве­ни­от не­до­ста­ток на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја де­нес е це­на­та и до­стап­но­ста. Не мо­же се­кој и се­ка­де да си ја доз­во­ли. Се­ка­ко, и бро­јот на ле­ка­ри кои се струч­ни во оваа об­ласт е мно­гу мал. Се пред­ви­ду­ва де­ка маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја во ид­ни­на мо­же­би и ќе ги за­ме­ни оста­на­ти­те ди­јаг­но­стич­ки ме­то­ди.

Во кои слу­чаи, од­нос­но во кој ста­ди­ум е по­треб­на маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја на дој­ка?

ЧА­ПО­ВА: Маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја има точ­но опре­де­ле­ни ин­ди­ка­ции за упо­тре­ба и тоа при ске­ни­ра­ње на ви­со­ко­ри­зич­ни па­ци­ен­ти, до­ди­јаг­но­сти­ка на проб­ле­ма­тич­ни слу­чаи, сле­де­ње на па­ци­ен­ти по штед­ли­ва хи­рур­шка ин­тер­вен­ци­ја (од­лич­но раз­ли­ку­ва луз­на од ре­ци­див), сле­де­ње на па­ци­ен­ти со не­о­ад­ју­вант­на те­ра­пи­ја (она­му ка­де хи­рур­ги­ја­та не е прв из­бор во ле­ку­ва­ње­то, се сле­ди од­го­во­рот на хе­мо­те­ра­пи­ја­та), по­тоа кај пре­до­пе­ра­тив­но гра­ди­ра­ње по ста­ди­у­ми на до­ка­жа­ни кар­ци­но­ми, при ди­јаг­но­сти­ка на имп­лан­ти, и кај би­оп­сии и бе­ле­же­ња под кон­тро­ла на маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја. Пре­до­пе­ра­тив­но­то гра­ди­ра­ње по ста­ди­у­ми де­нес е еден од нај­кон­тро­верз­ни­те при­чи­ни, но и ин­ди­ка­ци­ја ко­ја по­ка­жа го­ле­ма по­тре­ба од вклу­чу­ва­ње­то на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја во пла­ни­ра­ње­то на трет­ма­нот на ра­кот на дој­ка. Искус­тва­та по­ка­жаа де­ка ре­ал­на­та го­ле­ми­на на ту­мо­рот нај­мал­ку се раз­ли­ку­ва на МР во од­нос на оста­на­ти­те ме­то­ди. Се до­ка­жа при­сус­тво на до­пол­ни­тел­на бо­лест до 50 про­цен­ти не­вид­ли­ва на дру­ги­те ме­то­ди во не­по­сред­на бли­зи­на на ту­мо­рот (ист ква­дрант) или зна­чај­но по­да­ле­ку (во друг ква­дрант од дој­ка­та) што де­фи­ни­тив­но го ме­ну­ва и хи­рур­шки­от при­стап, штед­ли­ва нас­про­ти ра­ди­кал­на ин­тер­вен­ци­ја.

Во за­вис­ност од ти­пот на ту­мо­рот, до 25 от­сто по­стои скри­е­на бо­лест и во дру­га­та дој­ка, исто та­ка, не­вид­ли­ва на кла­сич­ни­те ра­ди­о­ло­шки ме­то­ди. Си­те овие до­пол­ни­тел­ни ин­фор­ма­ции овоз­мо­жу­ва­ат пра­вил­но пла­ни­ра­ње на хи­рур­шки­от трет­ман и по­го­лем ус­пех  во ко­неч­но­то ле­ку­ва­ње. Бро­јот на из­ме­не­ти од­лу­ки во пла­ни­ра­ње­то на хи­рур­шки­от трет­ман кај па­ци­ен­ти со ди­јаг­но­сти­ци­ран рак на дој­ки по на­пра­ве­на­та пре­до­пе­ра­тив­на МР е вкуп­но 14 от­сто. И ток­му тол­кав е бро­јот на ре­ци­ди­вант­на бо­лест во пр­ви­те две го­ди­ни. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва зак­лу­чо­кот де­ка бо­ле­ста нај­ве­ро­јат­но не се вра­ти­ла тол­ку бр­зо, де­ка он­ко­ло­шки­от трет­ман и не бил тол­ку не­е­фи­ка­сен, ту­ку де­ка ние во це­лост не сме ус­пе­а­ле да ја ви­зу­а­ли­зи­ра­ме бо­ле­ста без МР, па дел од неа сме оста­ви­ле. По­ра­ди овие фа­кти, не­оп­ход­но е вклу­чу­ва­ње на пре­до­пе­ра­тив­на­та маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја во пла­ни­ра­ње­то на трет­ма­нот на ра­кот на дој­ка.

На ко­ја во­зраст тре­ба да поч­нат са­мо­прег­ле­ди­те на дој­ки­те и ул­траз­ву­кот?

ЧА­ПО­ВА: За са­мо­прег­ле­дот се ве­ли де­ка тре­ба да за­поч­не то­гаш ко­га ќе се фор­ми­ра­ат дој­ки­те. Во овие мо­мен­ти пр­вич­но се за­поз­на­ва­ме со сво­и­те дој­ки и со нив­на­та стру­кту­ра. Прег­ле­дот тре­ба ре­дов­но да се пра­ви ед­наш ме­сеч­но по за­вр­шу­ва­ње на цик­лу­сот. За се­ко­ја но­ва гру­тка по­треб­на е кон­сул­та­ци­ја со ле­кар. Пре­вен­тив­ни­от ул­траз­вук се со­ве­ту­ва да поч­не око­лу 30 го­ди­на и се по­вто­ру­ва во ин­тер­ва­ли од ед­на го­ди­на. Ма­мо­гра­фи­ја­та се со­ве­ту­ва по­ме­ѓу 36-38 го­ди­на од жи­во­тот. Па­ци­ен­ти­те кои има­ат се­меј­на исто­ри­ја, зго­ле­мен ли­чен ри­зик или се но­си­те­ли на ге­ни­те БР­ЦА 1 и БР­ЦА 2, пра­кти­ку­ва­ат по­и­на­ква ше­ма на пре­вен­тив­ни прег­ле­ди со­од­вет­на на ри­зи­кот.

Да­ли ра­кот на дој­ка­та е нај­че­сто за­бо­лу­ва­ње на дој­ка­та или по­сто­јат и дру­ги бо­ле­сти за кои по­мал­ку зна­е­ме?

ЧА­ПО­ВА: Ра­кот на дој­ка е нај­че­сто ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње кај жен­ска­та по­пу­ла­ци­ја, но не е нај­че­сто за­бо­лу­ва­ње на жен­ски­те дој­ки. Са­мо 20 от­сто од на­пи­па­ни­те гру­тки се кар­ци­но­ми. Оста­на­ти­те се дол­жат на дру­ги бо­ле­сти и со­стој­би. Нај­че­ста при­чи­на за по­се­та на ле­кар е по­ја­ва­та на гру­тка ко­ја се дол­жи на фи­бро­ци­стич­на­та со­стој­ба. Ци­сти­те се ти­пич­ни за во­зрас­на­та гру­па 30-50 го­ди­ни. Во 99 от­сто од слу­ча­и­те, ци­сти­те се ле­ку­ва­ат кон­зер­ва­тив­но, со нив­но ис­праз­ну­ва­ње, ре­тко со ан­ти­би­от­ска те­ра­пи­ја и во зна­ча­ен број со из­ме­на на хи­ги­е­но­ди­е­тет­ски­от ре­жим. На вто­ро ме­сто до­а­ѓа­ат вос­па­ли­тел­ни­те про­це­си (абс­цес, ма­сти­тис) кои нај­че­сто се ја­ву­ва­ат во пер­и­о­дот на до­е­ње. И тие ка­ко и прет­ход­ни­те, ре­тко се пред­мет на хи­рур­ги­ја. Бе­ниг­ни­те ту­мо­ри се бо­ле­сти за кои не е се­ко­гаш по­тре­бен хи­рур­шки трет­ман. По­стои и гру­па пре­ткан­це­роз­ни со­стој­би, кои лес­но се за­бе­ле­жу­ва­ат на пре­вен­тив­ни­те прег­ле­ди, и кои по­ра­ди ри­зи­кот, се пред­мет на штед­ли­ви хи­рур­шки ин­тер­вен­ции.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top