| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се условите да се биде телохранител на Путин

Иако шефот на Кремљ зачестено добива закани дека му се подготвува атентат, покрај него не може ни мува да прелета. Во некои моменти изгледа како да се движи сам, но секогаш го следат стотина пара очи.

Затоа само се претпоставува дека за животот на лидерот на Русија секоја секунда се грижат најмалку 10.000 луѓе, па Москва не се грижи многу што на шефот на Кремљ секојдневно му се закануваат со атентат.

Готвачи и дегустатори

Меѓу ониешто се грижат за Путин се високотренирани командоси за кои нивните семејства не знаат со што се занимаваат, стотина агенти, лично обезбедување, персонал и лица со специјални задачи, како готвачи и дегустатори на храна.

„Невидливи“ луѓе

Вештината на овие луѓе е целосно невидлива, дури и кога Путин оди во официјална посета на некоја земја, бидејќи многумина одат таму и по неколку месеци порано и го испитуваат теренот. Потоа агентите на Федералната служба за безбедност (поранешно КГБ), организам од околу дваесет илјади членови прават анализа и одредуваат план на движење на претседателот кога не е во резиденцијата во местото Ново Огарјово на периферијата на Москва.

Некогаш изгледа дека Путин сам ноншалантно шета, но вистина е дека во тој момент го набљудуваат стотина пара очи.

Услови за кандидатите

Изгледот на неговото лично обезбедување е строго пропишан. Мора да бидат барем 20 сантиметри повисоки од него, но истивремено да не бидат упадливи. за тие луѓе никогаш не би рекле дека се занимаваат со тоа. Би можеле да бидат трговци, вели еден руски новинар.

На чело на путиновата Федерална служба за безбедност, веќе 14 години се наоѓа генералот Виктор Золотов, човек кого ретко кој Русин би го препознал на улица, иако на поголемиот број важни настани се појавува покрај Путин. Тој е личност од сенка.

Го запознал Путин во деведесеттите години и откако му бил спаринг партнер во бокс и џудо станал шеф на обезбедувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top