Американскиот државен секретар Џон Кери денеска заминува на турнеја низ Европа и Блискиот Исток, што ќе трае до недела, соопшти Стејт департментот.
Според портапролот на Стејт департментот, Џон Кирби, главни теми на разговор на Кери со неговите европски и блискоисточни домаќин ќе бидат најновата ескалација на израелско-палестинскиот конфликт и кризата во Сирија.
Кирби не прецизираше кои европски и блискоисточни земји ќе ги посети Кери.
Во текот на турнејата на Кери, предвидено е тој да се сретне и со израелскиот прмиер Бенјамин Натанјаху и со палестинскиот лидер Махмуд Абас, но засега не е познато каде ќе се одржат тие средби.
Првично беше најавувано дека Кери и Нетанјаху ќе се сретнат во Германија, но сега Кирби најави дека „е можно нивната средба да се одржи и на Блискиот Исток“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.