Новиот канадски премиер Џастин Трудо изјави дека на претседателот на САД, Барак Обама, му порачал дека канадските борбени авиони ќе бидат повлечени од борбата против Исламска држава во Ирак и Сирија, но не прецизираше кога ќе се случи тоа.
Трудо на прес-конференција изјави дека со Обама разговарал по телефон и дека посочил дека канадската борбена мисија ќе заврши.
Канада минатата година испрати борбени авиони „ЦФ-18“, кои би требало да останат во мисија до март 2016 година, како и 70 специјалци за обука на Курдите во северен Ирак.
За време на предизборната кампања Трудо вети дека ќе ги врати борбените авиони во Канада и ќе стави крај на нивната мисија во Ирак и Сирија, додека екипите за обука ќе продолжат да работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.