Анџелина Џоли и Бред Пит се сметаат за една од највлијателните двојки во Холивуд, а сега веќе далеку зад нив е фактот дека почнаа врска додека тој беше во брак со Џенифер Анистон.
Изгледа, сценариото се повторува бидејќи додека Анџелина се подготвува да замине на ново снимање, изворите блиски до двојката открива дека не може да се ослободи од чувството дека нејзиниот сопруг флертува со колешката Сиена Милер.
Пит моментно го продуцира филмот „Загубениот град Оз“ во кој глумат Сиена Милер, Чарли Ханам и Роберт Патисон. Кога ѝ споменал на сопругата дека ќе патува во Ирска за да ја посети екипата, Анџелина била директна и не му дозволила.
Не поминува ден а Бред да не го спомене името на Сиена, а тоа трае од август кога почнало снимањето.
-Бред ѝ кажал на Анџелина да го пушти да си ја работи продуцентската работа, а Анџелина хистерично врескала дека не сака да го види во близина на Сиена. Едвај и да разговараа следниот ден -кажал изворот.
Со оглед дека нивната романса почнала во време кога Бред беше женет, Анџелина особено е загрижена бидејќи мисли дека може да ѝ се случи истото што ѝ се случи и на Џенифер Анистон. Предбрачниот договор на Бред и на Анџелина има посебна точка за неверство. Сепак, иако договорот ја штити потенцијалната измамена страна, Анџелина не може да се оттргне од чувството на гнев и на љубомора.
Во меѓувреме Сиена Милер не е во врска и е позната по врските со познатите, па и женети мажи. Со Џуд Лоу почна врска додека тој беше во брак, потоа наводно го изневерила со Даниел Крејг. Потоа беше во врска со Балтазар Гети, кој бил женет и има четири деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!