Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски денеска во Џенова оствари средба со Горан Пандев на која беше потврдено неговото враќање во националниот тим.
Пандев ќе пристигне во Македонија во пресрет на пријателскиот натпревар против Црна Гора, а во функција на А репрезентацијата целосно ќе се стави по двата контролни натпревари на 12-ти и 17 ноември.
– Среќен сум што повторно ќе бидам дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот – изјави Горан Пандев, за веб страната на ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.