Поранешната мис на Австрија, Ена Кадиќ(26) им подлегна на повредите здобиени при падот од 30 метри височина.
Покраинските власти на Тирол соопштија дека Ена Кадиќ синоќа околу 22.30 часот по три дена „ја изгуби борбата за животот“.
Убавицата на Австрија од 2013 година, која е со босанско потекло, падна од панорамската платформа на планината Бергизел во петок попладне.
По падот, Ена му се јавила на својот брат и му рекла дека е тешко повредена на Бергизел. Нејзината мајка веднаш ја алармирала Брзата помош која тргнала во потрага по Ена.
Кадиќ под панорамската платформа набрзо ја пронашле двајца студенти.
Младата девојка имаше повеќе тешки повреди, а лекарите од првиот ден рекоа дека е во „многу критична состојба“.
Ена Кадриќ во 2013 година ја освои титулата мис на Австрија и ја претставуваше земјата на изборот на Мис на светот во Индонезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
„Анима Мунди“ со соопштение по трагедијата во Гостивар
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја