| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска премиера на „Три дена во септември“ на 12. ноември на отворањето на „Синедејс“

Главните улоги ги толкуваат Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски. Сценариото го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, Александар Пејовски е композитор на оригиналната музика, монтажа - Владимир Павловски, дизајн на звук - Игор Поповски, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, шминка на Симона Ристевска. Продуцент на филмот е Томи Салковски

„Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио, на 12. ноември ќе ја доживее македонската премиера како филм од официјалната селекција на овогодинешното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

До сега, филмот се прикажа на 39. Филмски фестивал во Монтреал и 51. Интернационален филмски фестивал во Чикаго, два големи светски фестивали, а најавено е учество на уште неколку фестивали во Европа.

t

„Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски ликови, преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, се додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери нa двете жени.

Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

Сценариото го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, Александар Пејовски е композитор на оригиналната музика, монтажа – Владимир Павловски, дизајн на звук – Игор Поповски, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, шминка на Симона Ристевска. Продуцент на филмот е Томи Салковски.

„Три дена во септември“ е копродукција помеѓу Скопје Филм Студио и Иконе Студио од Косово, а проектот беше поддржан од Агенцијата за филм на РМ и Косовскиот кинематографски центар. Снимањето го помогнаа повеќе институции од земјава, со што овозможија негово успешно комплетирање, согласно поставените планови.

Почнувајќи од 12. ноември, „Три дена во септември“ ќе се прикажува во рамките на редовниот репертоар на кината во Скопје и градовите низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top