| четврток, 6 декември 2018 |

Божовиќ води мртва трка со Хансен, Лазаров се буди

bozovic 3 (Custom)

Јанко Божовиќ постигна 8 погодоци во новиор несреќен пораз на Металург со еден гол разлика во Романија и го дели првото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите со Микаел Хансен. Двајцата бомбардери имаат по 43 погодоци во досегашните пет кола во ЛШ, еден повеќе од Габор Часар.

По скромниот старт се разбуди и кралот на стрелците Кирил Лазаров и со вкупно 19 погодоци во последните два меча за Барселона се проби на делба на седмата позиција со 35 прецизни удари. Лазаров е првиот ракометар во историјата со над 1.000 погодоци во ЛШ.

Во топ-50 на делба на единаесеттата позиција со 30 гола е и Тимур Дибиров од Вардар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top