Неговите пет минути дојдоа , но на никој немаше да му текне дека ќе ги сподели со оваа фолк пејачка?
Лав Григорије Пајкиќ, синот на Исидора Бјелица и Небојша Пајкиќ, која јавноста го препозна како невообичаено фино и умно момче, наводно е во врска со пејачката Радмила Манојловиќ која неодамна ја раскина долгогодишната врска со Момир Гајиќ.
Медиумите пишуваат дека наводно Пајкиќ на сите можни начини и се додворувал на пејачката која само му се насменувала, а на крајот успеал да го добие нејзиниот телефонски број.
И додека медиумите наголемо пишуваат за новата романса, Рада мудро молчи, а на таа тема се огласи ној од која тоа најмалку се очекуваше – Лав.
-Рада моментално е во Виена, работи. Интересно беше тоа меѓу нас, што би рекла Рада. Во контакт сме на едно нормално ниво. Ние имаме одредена генерациска разлика -кажал Лав во една телевизиска емисија.
Инаку Лав има 20, а Рад 30 години.
Рада претходно за медиумите изјави: Лав е многу културно и фино момче. Навистина ја почитувам неговата мајка Исидора Бјелица и знам низ што поминува, бидејќи и мојата мајка се бореше со рак. Им давам голема поддршка, кажала Рада за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.