Според МОСТ, досега се забележани неколку неправилности на гласачките места:
- – Гласачко место 0845 во општина Кочани, гласањето било прекинато од 8:20 до 10:20 часот поради тоа што во Избирачкиот список недостасувале 5 листа. Гласањето продолжило откако ОИК донел нов извадок на Избирачкиот список. Гласањето на ова место по 19 часот ќе биде продолжено за два часа.
- – Гласачко место 1734 во општина Струмица, имало прекин на гласањето од околу 1 час поради тоа што гласач при обидот да го пушти ливчето во кутијата, го искршил капакот на истата. Била повикана ОИК и полиција, по увидот капакот бил сменет и било решено гласањето по 19 часот да продолжи за 1 час. Пред истото гласачко место регистрирани се неколку истрели во воздух.
- – Гласачко место 1917 во Велешта општина Струга, забележани се 32 случаи на семејно гласање. Во гласачкото место е забележано и присуство на неовластени лица, 4 случаи на јавно гласање, како и 3 наврати во кои едно исто лице гласало во име на 9 други.
- – Гласачко место 0406 општина Гостивар, имало прекин од 40 мин. Поради тоа што позади параванот било најдено гласачко ливче. Повикана е ОИК и по нивно доаѓање на гласачкото место е разрешен претседателот на ИО. ОИК дала инструкција по завршување на гласањето да се одлучи дали гласачкото ливче ќе биде важечко или не.
- – Гласачки места 0071 и 0072 општина Битола како и 0518 и 0519 општина Гостивар, членовите ИО не ги носат потребните беџови,
- – Гласачко место 1730 општина Струмица како и 0372 и 0373 општина Богданци, на глас се читаат имињата на гласачите.
- – Гласачко место 0510 општина Гостивар, забележани се 22 случаи на семејно гласање.
- – Гласачко место 0434 општина Гостивар, забележани се 20 случаи на семејно гласање.
- – Гласачко место 0506 општина Гостивар, забележани се 11 случаи на семејно гласање.
- – Гласачко место 2573 општина Ѓорче Петров, гласач го сликал ливчето со телефон по што реагирал ИО и ливчињата се прогласени за неважечки.
- – Гласачко место 1949 општина Тетово, забележани се 18 случаи на некористење на УВ ламба, 34 случаи на некористење на невидливото мастило како и 24 случаи на семејно гласање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.