Семејството Кардашијан не пропушта прилика да стане побогато, па заработува дури и на семејните трагедии. Имено, доколку нејзиниот се уште официјален сопруг, почине, Клои Кардашијан ќе стане побогата и тоа дури за 10 милиони долари.
Популарниот бивши НБА играч, Ламар Одом и Клои Кардашијан се се уште во брак, така што ако состојбата на бившиот спортист се влоши, токму неговата сопруга ќе решава дали да ги исклучи апаратите кои го одржуваат во живот. Ако Одом почине, Клои ќе наследи околу 10 милиони долари, колку што изнесува животната полиса на име на Ламар.
Според условите на предбрачниот договор, Клои е единствен корисник, дури и во случај на развод, до кој се уште не е дојдено иако бракоразводната парница е покрената во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.