| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена лабораторија за марихуана во Драч, запленети 700 килограми дрога

мари
Полицијата од пристанишниот албански град Драч открила лабораторија за преработка и пакување на марихуана.Во акцијата „Координати“ се уапсени седум лица и запленети 700 килограми марихуана, кои биле откриени во една вила.

– Станува збор за организирана криминална група, која марихуната ја набавувала во Тирана и Скадар, ја преработувала во Драч а потоа ја шверцувала надвор од земјата, главно во Италија, се наведува во полициското соопштение.

Според полицијата меѓу седумте уапсени, кои се на возраст од 25 до 61 година, има и тројца бизнисмени. По едно лице се уште се трага, додека на малолетник на возраст од 17 години ќе му се суди од слобода.

Претходно албанската полиција соопшти дека во јужниот дел на земјата запленила 3,2 тони дрога марихуана – канабис сатива. Дрогата е запленета во планината Курвелеш во близина на градот Ѓирокастро и истата била сокриена во специјално изградени скривалишта во наведената планина.

Полицијата соопшти дека трага по четири албански државјани кои ја огледувале дрогата на тешко достапни делови во Курвелеш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top