| четврток, 6 декември 2018 |

Утре подолги сончеви периоди

есенНедела наутро локално низ котлините повторно очекуваме појава на ниска облачност и слаба магла која нема битно да влијае на видливоста. Денот ќе помине со умерена облачност и подолги сончеви периоди споредено со сабота, пишува Метеопро.

Максималната температура долж вардарскиот тек и низините во источниот крај ќе достигне меѓу 20 и 22 целзиусови степени, а во котлините од западниот регион од 18 до 20 целзиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо време, наутро со појава на ниска облачност, а потоа и попладне со подолги сончеви периоди. Максималната температура нема да надмине 20 целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top