| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Турција нема да се колеба да собори „туѓи“ летала

давутоглуТурција нема да се колеба да собори воен авион што го нарушува нејзиното воздушно пространство, изјави денеска премиерот Ахмет Давутоглу.

Изјавата беше дадена еден ден откако Анкара собори неидентификуван дрон на границата со Сирија.

– Вчера соборивме беспилотно летало. Ако тоа беше авион ќе постапевме на истиот начин. Нашата политика е јасна. Кој нема да ги почитува нашите граници ќе добие соодветен одговор, изјави Давутоглу на партиски митинг во Кајзери, во централна Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top