Македонскиот ракометен шампион Вардар во рамките од петтото коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Колдинг ќе настапи значително ослабен бидејќи тренерот Раул Гонзалес неможеше да смета на дури четворица првотимци кои се столбот во играта на „црвено-црните“.
За првпат сезонава шпанскиот тренер нема да биде во комплетен состав и ќе настапи со 15 играчи. Во Скопје останаа Арпад Штербик и Алекс Дујшебаев поради стомачен вирус и лекарскиот тим кој со сите сили се обидуваше да оспособи за настап, не успеа во тоа. За место меѓу стативите ќе се борат Миличиќ и Ангелов, додека Македа ќе биде единствениот десен бек во составот.
Поради повреди истотака не отпатуваа Стојанче Стоилов и Александrр Деревен. Помош од клупата Гонзалес нема да има ниту од помошникот тренер Давид Дејвис кој истотака има проблеми со стомачен вирус.
Сепак, и со преполовен тим, Вардар важи за фаворит во дуелот со данскиот тим. За разлика од максималните четири победи на вардарци, КИФ Колдинг Копенхаген неочекувано лошо стартуваше во новата сезона и по првите четири натпревари е на дното на табелата во групата без ниеден бод.
Натпреварот КИФ Колдинг – Вардар ќе се одигра утре со почеток во 16.50 часот во Брондби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.