| четврток, 6 декември 2018 |

Одлуката на ова 12-годишно момче го занеме светот

CJ-i3gCVAAASZpJ

Приказната за храбрата и доблесна одлука на 12-годишниот Ариел Ескаланте Перез од Гватемала ја занеме светската јавност. Перез бил пресретнат од бројна банда, чии членови го ставиле пред свршен чин – да одбере дали ќе се убие себеси или, пак. возачот на автобусот.

Храбриот Ариел обра да си го одземе животот, најмногу затоа што и неговиот татко бил возач.

CJHaqDZUcAAUJVe

Бандата му понуди да избере дали да биде погубен со мачета или пак да скокне од мост. Одбра да скокне и за чудо, го преживеа падот од 135 метри високиот мост. Меѓутоа помошта стигна предоцна.

Спасувачките екипи, на чело со неговиот татко, Ариел го барале три дена и на крајот го пронашле. Го префрлиле во болница и 15 дена се обидувале да го вратат во живот, меѓутоа без успех.

CHzdUCxUYAAAJly

Фотографијата која го обиколи светот и ги разбуди оние искрени, силни емоции, настана во моментот кога таткото го пронашол синот во грмушка по падот од мостот.

Посакал да го гушене што посилно може, зошто знаел дека во тој момент се простува од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top