| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов: Некои луѓе се умрени пред да се родат

Кон­цер­тот ќе се одр­жи на 26 де­кем­ври во „Ме­тро­по­лис aре­на“ под нас­лов „Џам­бо фе­сти­вал“. „Џам­бо фе­сти­вал“ ќе трае шест ча­са, ќе го­сту­ва­ат гру­пи. Си­те мои гру­пи, гру­пи со кои сум на­ста­пу­вал и на­ста­пу­вам, но на овој кон­церт нај­мал­ку би­тен ќе би­дам јас

Нѐ пре­че­ка во сво­јот стан со ши­ше сму­ти, во друш­тво на сво­јот та­тко, ма­е­стро Џам­ба­зов, и мач­ка­та Еми­ли­ја. На те­ле­ви­зи­ја одеа сним­ки од ве­ќе по­кој­на­та Ус­ни­ја Ре­џе­по­ва… Кол­ку уба­ва же­на бе­ше. Се се­ќа­вам ко­га на­ста­пу­вав­ме, таа пе­е­ше, јас бев во­ди­тел на не­ко­ја ло­та­ри­ја… На­ви­ра­ат спо­ме­ни­те. По­во­ди за раз­го­вор има мно­гу, а на по­че­ток се не­из­беж­ни оние ми­ли­он му­а­бе­ти што ги слу­ша­ме за не­го, а се да­ле­ку од ре­ал­но­ста и од ви­сти­на­та.

 

Слуш­нав­ме раз­ни вер­зии за тоа што му се слу­чи на Џам­ба­зов во ју­ни, ко­га за­вр­ши кај Жан Ми­трев…

Џам­ба­зов: За ме­не тоа, на­ви­сти­на, бе­ше го­лем шок. Не де­ка јас не оче­ку­вав де­ка ќе ми се слу­чи та­кво не­што во жи­во­тот по­ра­ди сти­лот на жи­вот што го имав. Зна­ев де­ка ќе ми се слу­чи. Но зна­ев де­ка е по­до­бро да се слу­чи по­ра­но, ба­рем да знам на што сум. Ви­стин­ска сре­ќа е што оти­дов на ви­стин­ско ме­сто, од­нос­но кај тој до­к­тор ко­му бе­скрај­но му се заб­ла­го­да­ру­вам, д-р Ха­џи Ни­ко­лов од Ге­вге­ли­ја, кој са­мо ми ги ви­де но­зе­те и ми ре­че ит­но да одам за Скоп­је. Отка­ко оти­­дов та­му, не по­ми­наа ни 24 ча­са ко­га од мо­и­те најб­ли­ски стиг­наа 17 сце­на­ри­ја за тоа што, на­ви­сти­на, се слу­чи­ло, од кои ни­ту ед­но не бе­ше точ­но – од тоа де­ка сум се пре­до­зи­рал со хе­ро­ин, до тоа де­ка сум имал ал­ко­хол­но тру­е­ње, па сум ур­нал се­ма­фор, сум се те­пал со по­ли­ца­ец… Сце­на­рио де­ка имам рак, па мо­зо­чен удар, ср­цев удар.. Не­кои ко­ле­ги, ме­ѓу кои и ти, ми за­бе­ле­жи­ја што доз­во­лу­вав да ме фо­то­гра­фи­ра­ат та­ков ни­ка­ков во бол­ни­ца, но тоа бе­ше мо­ја од­лу­ка са­мо за да им по­ка­жам на лу­ѓе­то де­ка ме­не ми се слу­чи­ло тоа што му се слу­чу­ва на се­кој втор-трет чо­век де­не­ска, кој има по­ве­ќе од 50 го­ди­ни и што имал не­ре­до­вен жи­вот, ис­хра­на, мен­тал­на хи­ги­е­на. Од тоа не­ма бе­га­ње. Но, сфа­тив ед­но – од мо­же­би 20.000 по­ра­ки што при­стиг­наа, од си­те раз­ни ве­сти, со мо­и­те најб­ли­ски не ус­пе­ав­ме да про­нај­де­ме по­ве­ќе од три што, иа­ко не беа на­вред­ли­ви, беа од ти­пот „пре­ку гла­ва ве­ќе со тој Игор Џам­ба­зов“… То­гаш ви­дов кол­ку лу­ѓе­то ме са­ка­ат. Мис­лев де­ка по­ле­ка, по­ле­ка си ја рас­и­пу­вам „пе­тка­та“ и де­ка по­ле­ка, по­ле­ка до­а­ѓа­ат не­кои дру­ги, мла­ди. Се по­ка­жа де­ка тоа што сум го пра­вел со го­ди­ни се вре­жа­ло и во мис­ли­те на оваа сред­на ге­не­ра­ци­ја, на по­ста­ра­та да не збо­ру­вам, а нај­го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње за ме­не бе­ше оваа мла­да ге­не­ра­ци­ја за ко­ја мис­лев де­ка не­ма по­и­ма кој сум јас. Бла­го­да­ре­ние на со­ци­јал­ни мре­жи, бев фра­пи­ран кол­ку де­чи­ња од 19 до 20 го­ди­ни зна­ат за ме­не, ме по­чи­ту­ва­ат, ги зна­ат мо­и­те кни­ги, сти­хо­ви, мис­ли…

 

Мис­ли­те на Џам­ба­зов… Се­којд­нев­но на „Фејс­бук“ се по­ја­ву­ва по не­ко­ја тво­ја мис­ла пре­не­се­на од ко­рис­ни­ци­те на оваа со­ци­јал­на мре­жа…

Џам­ба­зов: Еве, јав­но да ка­жам, ни­ту еден про­фил на „Фејс­бук“ на Игор Џам­ба­зов не е мој. По­стои еден клуб на обо­жа­ва­те­ли за кој да­дов одо­бру­ва­ње, го во­дат не­кол­ку де­ца, кои ги за­мо­лив да об­ја­ву­ва­ат што би­ло, са­мо да не­ма по­ли­тич­ки кон­текст, би­деј­ќи јас сум апо­ли­тич­ко су­штес­тво ве­ќе 13 го­ди­ни. Единс­тве­но ме­сто ка­де што јас ги иска­жу­вам мо­и­те ста­во­ви е стра­ни­ца­та на „Фејс­бук“ на мо­ја­та мач­ка, Еми­ли­ја Џам­ба­зо­ва Бав­чан­ска. Сѐ дру­го е лаж­но. Ги мо­лам си­те што са­ка­ат да об­ја­ват мо­ја мис­ла со мо­ја фо­то­гра­фи­ја, да про­ве­рат пр­во да­ли, на­ви­сти­на, е тоа мо­ја мис­ла. Мно­гу е смеш­но да ви­дам мо­ја фо­то­гра­фи­ја и оз­до­ла да про­чи­там мис­ла на Тол­стој или на Ни­че. Ме­не тоа ми го­ди, и си се сме­ам, ме­ѓу­тоа не се чув­ству­вам до­бро за­тоа што во оваа др­жа­ва има мно­гу лу­ѓе што се на­чи­та­ни, а има и ед­на дру­га гру­па лу­ѓе, кои ед­вај че­ка­ат да те фа­тат во не­што та­кво. Јав­но из­ја­ву­вам де­ка ни­ко­гаш во жи­во­тот не сум об­ја­вил ту­ѓа мис­ла со мо­ја фо­то­гра­фи­ја. Тоа го пра­ват не­кои де­ца и јас ги за­мо­лу­вам да пре­ста­нат.

 

Здрав­стве­ни­от проб­лем во ју­ни ги со­бра си­те твои нај­дра­ги и најб­ли­ски око­лу те­бе. Тво­ја­та се­стра Та­ња дој­де да би­де со те­бе.

Џам­ба­зов: Да, дој­де Та­ња, до­тка, дој­де Гу­ру Ха­ре, дој­де Вес­на Беј­би… Таа бе­ше нај­ре­дов­на од си­те. И по­крај сѐ што ни се слу­чи во жи­во­тот, зна­еш, го­ди­ни­те си го пра­ват сво­е­то, ко­га се­га зна­е­ме де­ка двај­ца­та за­ед­но има­ме 100 го­ди­ни, не мо­же­ме да се од­не­су­ва­ме ка­ко да има­ме по 20 го­ди­ни. Не­кои ра­бо­ти во жи­во­тот се про­сту­ва­ат, ама не се за­бо­ра­ва­ат, ама мис­лам де­ка ние си про­стив­ме, но и за­бо­ра­ва­ме. Зна­еш де­ка јас мно­гу че­сто сум ѝ го­стин до­ма, ѝ ги обо­жа­вам де­ца­та. По Но­ва го­ди­на ние двај­ца ќе на­пра­ви­ме не­што што ни­кој не го оче­ку­ва.

 

Се вра­ќаш во те­а­тар?

Џам­ба­зов: Вес­на Беј­би ме убе­ди да се вра­там, не во те­а­тар, но да се вра­там на сце­на. Да на­пра­ви­ме ед­на прет­ста­ва, мо­но­дра­ма. Еве го тек­стот, но не сме­ам ни­што по­ве­ќе да ти ка­жам.

 

Ми ре­че де­ка ако се вра­тиш на сце­на тоа ќе би­де со То­ни Ми­хај­лов­ски.

Џам­ба­зов: Да, ама То­ни Ми­хај­лов­ски е мно­гу за­фа­тен. Но То­ни и не­го­ва­та со­пру­га, пре­ку нив­на­та фир­ма со ко­ја го пра­ват „Опу­ште­но“, ќе ми би­дат про­ду­цен­ти на кон­цер­тот.

 

Нов кон­церт – на пос­лед­ни­от, пред две го­ди­ни, ве­ти де­ка се­ко­ја го­ди­на ќе пра­виш кон­церт.

Џам­ба­зов: Да, нов кон­церт, кој ќе се одр­жи на 26 де­кем­ври во „Ме­тро­по­лис аре­на“ под нас­лов „Џам­бо фе­сти­вал“. Мо­ја ста­ра иде­ја, ко­ја тре­ба­ше да се пра­ви се­ко­ја го­ди­на во „Бо­рис Трај­ков­ски“. Ве­тив, но од оправ­да­ни при­чи­ни ми­на­та­та го­ди­на не се на­пра­ви. „Џам­бо фе­сти­вал“ ќе трае шест ча­са, ќе би­дат си­те мои гру­пи, гру­пи со кои сум на­ста­пу­вал и на­ста­пу­вам, сѐ уште ко­га ќе оти­дам се со­би­ра­ме и сви­ри­ме, да­ли за на­стап или за ќеф. Тоа ќе би­дат спе­ци­јал­ни го­сти, ќе има еден го­лем жен­ски хор и не­кол­ку мул­ти­та­лен­ти­ра­ни лу­ѓе, ин­стру­мен­та­ли­сти, за кои ни­кој во Ма­ке­до­ни­ја не слуш­нал, а кои се, на при­мер, свет­ски пр­вак во хар­мо­ни­ка или, не знам, нај­до­бри­от ги­та­рист на Бал­ка­нот… На овој кон­церт јас сум нај­мал­ку би­тен. Јас сум са­мо чо­ве­кот што ја да­ва иде­ја­та. „Џам­бо фе­сти­вал“ ќе би­де фе­сти­вал не са­мо на му­зи­ка­та, пра­ви­ме му­а­бет за аку­стич­на му­зи­ка, ту­ку ќе би­де со­бир на си­те мла­ди и та­лен­ти­ра­ни умет­ни­ци во друш­тво на ве­ќе поз­на­ти и афир­ми­ра­ни умет­ни­ци – сли­ка­ри, скулп­то­ри, арт ди­зај­не­ри, му­зи­ча­ри, пи­са­те­ли, по­е­ти… Сѐ на ед­но ме­сто. Ко­га ќе вле­зеш во „Ме­тро­по­лис аре­на“, ќе вле­зеш во ме­сто на ед­на на­ша под­за­бо­ра­ве­на „ма­ке­дон­ска кул­ту­ра“, ка­де што ни мал­ку не­ма да ми­ри­са на тур­бо­фолк, на кич и на шунд. „Џам­бо фе­сти­вал“ не­ка би­де ка­ко што е „Та­кси­рат“, го­лем фе­сти­вал што се бо­ри со таа „рак ра­на на Бал­ка­нот“ што ни ги труе де­ца­та, ги те­ра мла­ди­те де­вој­ки да се об­ле­ку­ва­ат ка­ко про­сти­ту­тки, мла­ди­те мом­чи­ња да но­сат „дол­че и га­ба­на“ шал­че и „луј ви­тон“ чан­тич­ка… На­ви­сти­на е гре­во­та тоа што ѝ се слу­чу­ва на Ма­ке­до­ни­ја – да не знае да си ги це­ни сво­и­те умет­ни­ци. Има тол­ку мно­гу та­лен­ти­ра­ни лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја. Ко­га ќе се за­поз­на­ам со не­кој и ќе ми пред­ло­жи да ви­дам не­што не­го­во на „Јут­јуб“ се пра­шу­вам ка­ко овој чо­век до­се­га ни­кој не го спо­ме­нал во Ма­ке­до­ни­ја.

igor-dzambazov-int162-2

Се слу­чу­ва на тво­јот, од­нос­но на про­фи­лот на „Фејс­бук“ на Еми­ли­ја да про­мо­ви­раш не­кој наш млад та­лен­ти­ран му­зи­чар.

Џам­ба­зов: Ап­со­лут­но. Але­ксан­дар Ко­лов­ски, свет­ски пр­вак во хар­мо­ни­ка. Има­ше кон­церт во Пе­кинг, во Ки­на е го­ле­ма ѕвез­да, ду­ри има и де­вој­ка Ки­не­ска. Мар­ти­на Бла­жев­ска, мла­да охри­ѓан­ка, џе­зер­ка, блу­зер­ка, ко­ја сту­ди­ра во Аме­ри­ка. По­тоа На­та­ли Ба­шов­ска, ко­ја сту­ди­ра ре­жи­ја, фо­то­гра­фи­ја во Њу­јорк… Ни­што не зна­чи што јас и Еми­ли­ја ќе об­ја­ви­ме не­што нив­но. Но не тре­ба јас да го пра­вам тоа, но и тие са­ми ко­га го пра­ват тоа, џа­бе им е. Тре­ба да се нај­де еден ин­сти­тут што ќе го ре­ша­ва тој проб­лем. Еве „Џам­бо фе­сти­вал“ не­ка би­де пр­ви­от та­ков не­о­фи­ци­ја­лен ин­сти­тут, кој ќе го ре­ша­ва проб­ле­мот на про­би­вот на та­лен­ти­ра­ни­те ѕвез­ди. „Ме­тро­по­лис аре­на“ е соз­да­де­на за тоа, вре­ме­то е иде­ал­но, 26 де­кем­ври, пред­но­во­го­диш­на еу­фо­ри­ја, рас­по­ло­же­ни лу­ѓе со па­ри, под­го­тве­ни за до­бра за­ба­ва. Ќе ги пу­штам би­ле­ти­те во про­даж­ба за 15 де­на, па да ви­ди­ме што ќе се слу­чи.

 

На „Фејс­бук“ со Еми­ли­ја нај­а­ви­вте и но­ва кни­га, „Умрен чо­век“.

Џам­ба­зов: Три де­на пред кон­цер­тот, на 23 де­кем­ври, ќе би­де про­мо­ци­ја­та на но­ва­та кни­га „Умрен чо­век“, со ра­бо­тен нас­лов „Нес­ла­вен крај на ед­на три­ло­ги­ја“. Ја за­о­кру­жу­ва­ме три­ло­ги­ја­та „Гол чо­век“, „Об­ле­чен чо­век“ и „Умрен чо­век“.

 

Зо­што „Умрен чо­век“?

Џам­ба­зов: Тоа што е мно­гу ин­те­рес­но за „Умрен чо­век“ е тоа што не поч­нав да ја пи­шу­вам отка­ко се слу­чи здрав­стве­ни­от проб­лем, ту­ку мно­гу по­ра­но. Про­мо­ци­ја­та на „Об­ле­чен чо­век“ бе­ше на кра­јот на де­кем­ври, а јас про­нај­дов де­ка до­ку­мен­тот сум го отво­рил на 1 ја­ну­а­ри под тој нас­лов. По „Бу­ба­ма­ра“ за­ми­нав за Охрид ка­де што бев два ме­се­ца, ка­де што ги на­пра­вив пр­ви­те кон­ту­ри, ко­га се вра­тив трг­нав на пат низ Ма­ке­до­ни­ја, се под­го­тву­вав за кон­цер­тот, за кој од то­гаш зна­ев де­ка ќе го пра­вам и то­гаш ми се слу­чи ова и ми дој­де ка­ко „кец на де­се­тка“, да се за­о­кру­жи се­то ова.

 

Ко­ја ти бе­ше сим­бо­ли­ка­та на „Умрен чо­век“?

Џам­ба­зов: Има ед­на ре­че­ни­ца што ја об­ја­вив­ме со Ем­че без да ка­же­ме де­ка е од но­ва­та кни­га, ко­ја гла­си „Не­кои лу­ѓе се умре­ни пред да се ро­дат“. Јас ве­ру­вам де­ка не сум умрен пред да се ро­дам и сум го до­ка­жал тоа, ама се­га се ра­ѓа­ат лу­ѓе, кои, по тоа што го пра­ват, по­до­бро и ни­ко­гаш да не се ро­де­ле. Или, ка­ко што знае Ем­че да ко­мен­ти­ра за Аме­ри­ка: „Зем­ја­та што не­ма­ше по­тре­ба да се откри­ва“. Кни­га­та ќе би­де пр­во за­бав­на, ду­хо­ви­та, фик­ци­ја е… Поч­ну­ва со ре­че­ни­ца­та „ден­та ко­га се ро­див бе­ше по­не­дел­ник“ и што се слу­чу­ва по­тоа, ка­ко одам на не­бо­то, не мо­жат го­ре да се до­го­во­рат да­ли во ра­јот или во пе­ко­лот, па проб­но три де­на ва­му, три де­на та­му. Стиг­ну­вам та­му до ту­не­лот, до свет­ли­на­та не­ка­де, го ви­дов гро­ба­рот со ло­па­та­та, му го ви­дов и дес­но­то око и дел од ко­са­та и се вра­тив на­зад во мо­мен­тот ко­га ме бу­дат по ане­сте­зи­ја­та, по вто­ра­та опе­ра­ци­ја. Ду­ри и не е црн ху­мор, са­мо ја тре­ти­рам смрт­та на не тол­ку тра­ги­чен на­чин. Во кни­га­та има и ед­на ре­че­ни­ца: Ние, всуш­ност, сме умре­ни тој мо­мент ко­га ќе се ро­ди­ме, са­мо не зна­е­ме кол­ку дол­го ќе го одол­жу­ва­ме тоа, да­ли за два ме­се­ци, не дај бо­же, да­ли за осум, 20 или 90 го­ди­ни. Ние сме жи­ви са­мо во сто­ма­кот на мај­ка­та, штом ќе из­ле­зе­ме од та­му, поч­ну­ва на­ша­та смрт. Кол­ку по­ве­ќе ќе ја одол­жу­ва­ме, тол­ку по­ве­ќе ќе ужи­ва­ме во жи­во­тот, ако во­оп­што тој, ва­ков ка­ков што е, е за ужи­ва­ње.

 

Ќе би­де ли и оваа кни­га еден вид ениг­ма­ти­ка, чи­та­те­лот да ги пре­поз­на­ва ли­ко­ви­те?

Џам­ба­зов: Не, ов­де има точ­но опре­де­ле­ни ли­ко­ви, ве има си­те во кни­га­та со ви­стин­ски ими­ња, а нај­за­бав­ни ќе би­дат мо­и­те сред­би на не­бо­то со Џи­ми Хен­дрикс, Еј­ми Вајн­ха­ус, со Ти­то, Да­ме Гру­ев, со Го­це, Чен­то… Со Хит­лер. Де­до ми Пе­тре ми е гла­вен во­дич го­ре, се има етаб­ли­ра­но го­ре, има до­би­е­но ор­ден , има влез на си­те за­ба­ви, ќе ус­пее да ме од­не­се се­ка­де и да ме за­поз­нае со си­те. Не­ма са­мо да ус­пе­ам да вле­зам кај дру­га­рот Ти­то би­деј­ќи има сед­ни­ца на ЦК, че­ка­ме јас и Ми­ло­ше­виќ кај не­го пред вра­та, но не­ма да нѐ при­ми. Тоа се ед­ни та­кви ма­ли скеч-си­ту­а­ции, мно­гу уба­во по­вр­за­ни, ед­но па­ту­ва­ње до не­поз­на­то­то и вра­ќа­ње на­зад во ре­ал­но­ста… Ќе на­пра­вам го­ле­ма про­мо­ци­ја, да мо­же се­кој да дој­де. Се­га во кни­га­та ќе има по­ве­ќе умет­ни­ци, да на­пра­ви по ед­на сце­на од кни­га­та на свој ду­хо­вит на­чин – јас и лу­ѓе­то што ќе ги спо­ме­нам. Та­ка што до­де­ка ја чи­таш кни­га­та ќе гле­даш сли­ки, илу­стра­ции, стрип-вер­зии на сце­ни од кни­га­та, на­пра­ве­ни од раз­ни умет­ни­ци. Тие умет­ни­ци ќе има­ат из­лож­ба на кон­цер­тот, во тие два ча­са, до­де­ка сви­рат пред­гру­пи, до­де­ка на­ро­дот вле­гу­ва. То­гаш ќе би­де таа про­ше­тка на пуб­ли­ка­та.

 

Пак ли ќе пот­пи­шу­ваш кни­ги по кон­цер­тот? Ми­на­ти­от кон­церт заг­ла­ви со пот­пи­шу­ва­ње кни­ги, па два де­на не ста­на од кре­вет.

Џам­ба­зов: Дај Бо­же пак да пот­пи­шу­вам. И да зна­еш де­ка по тој прв кон­церт, јас прв­пат по­чув­ству­вав бол­ки во но­зе­те, кои тра­е­ја не­кол­ку де­на, но сме­тав де­ка тоа е са­мо од пре­мор, дво­ме­сеч­но тр­ча­ње, нер­во­зи, кон­церт, пот­пи­шу­ва­ње… Ми се слу­чи уште ед­наш ми­на­та­та го­ди­на, на 30 де­кем­ври ко­га сви­рев­ме. Ба­ба Ма­ца ми да­де не­кои ап­чи­ња што ги пие таа за цир­ку­ла­ци­ја на кр­вта, ми по­ми­на и мис­лев сѐ е во ред, а не би­ло. Страш­на бе­ше си­ту­а­ци­ја­та, уште не е на­ив­но и за­тоа ре­шив да си го про­дол­жам жи­во­тот кол­ку што мо­жам.

 

Се­га Џам­ба­зов во­ди здрав жи­вот?

Џам­ба­зов: Не бев дис­цип­ли­ни­ран, ги пре­кр­шив си­те пра­ви­ла, дој­де се­стра ми од Аме­ри­ка, пра­ве­ше 50. ро­ден­ден, ги со­бра си­те свои дру­га­ри од ос­нов­но, сред­но, фа­кул­тет, по­ра­неш­ни мом­чи­ња со фа­ми­ли­и­те, а ги има­ла мно­гу… Не мо­жев да одо­ле­ам, се от­пу­штив­ме ма­кси­мал­но, бев не­кол­ку де­на во Ма­вро­во, во Скоп­је. Тоа беа пре­крас­ни де­но­ви , ко­га се ви­дов со не­кои лу­ѓе што ги не­мам ви­де­но по 15-20 го­ди­ни. Имав ед­на та­ква ал­ко­хол­на мен­стру­а­ци­ја, уба­во се чув­ству­вав во неа, но сфа­тив де­ка ап­со­лут­но ми е не­по­треб­на. Со здра­ва­та хра­на ми е не­по­треб­но да се на­пи­јам ал­ко­хол и еве ве­ќе пет­ти, ше­сти ден ка­ко не сум про­бал ни­што дру­го, освен здра­ва хра­на.

 

Ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов пред ова ин­терв­ју ти до­не­се лад­но це­де­но мас­ли­но­во мас­ло.

Џам­ба­зов: Да, да, мно­гу е сме­шен. Ме по­фа­ли ми­на­ти­от пат де­ка сум на здра­ва хра­на, и ми до­не­се чвар­ки… И еве ја Ем­че не мо­же да ста­не од што е пре­ја­де­на од чвар­ки. И еве де­не­ска ми до­не­се лад­но це­де­но мас­ло, кое сме­ам да го кон­су­ми­рам. Кри­во ми е за тие де­но­ви ко­га бев не­дис­цип­ли­ни­ран за­ра­ди Жан Ми­трев, за­ра­ди до­ктор­ка­та, за­тоа јав­но се из­ви­нив. Имам 52 го­ди­ни, иа­ко не­мам лич­на кар­та, пол­но­ле­тен сум, и знам што пра­вам со се­бе. Има­ше шан­са да ме фа­ти не­ка­ква де­пре­си­ја, но ве­ро­јат­но тој мла­де­шки дух во ме­не ме одр­жа во жи­вот.

 

Пред че­ти­ри-пет го­ди­ни ми ре­че де­ка ова е пос­лед­на­та шан­са што ти ја да­ва жи­во­тот. Не­ка­ко се­ри­оз­но си го сфа­ти тоа.

Џам­ба­зов: Да, но тре­ба­ше да ми се слу­чи ова за еп­тен се­ри­оз­но да го сфа­там. Тре­ба да би­деш ка­ра­ктер. Се ше­гу­вам де­ка сум ка­ра­ктер, ама „гом­но ка­ра­ктер“, овој пат ќе се оби­дам да би­дам ка­ра­ктер.. „Здра­во жи­во“ се гри­жат за ме­не по­ве­ќе од та­тко ми. Бев на прв офи­ци­ја­лен тре­нинг, на Мир­ко не му се ве­ру­ва­ше кол­ку из­др­жу­вам на лен­та и на ве­ло­си­пед. Нај­важ­но е да го из­др­жам овој на­пор со кни­га­та и со кон­цер­тот, за по Но­ва го­ди­на да го на­пра­ви­ме и тоа со Вес­на, ќе дој­де март – април, и ете ме на­зад во Слеп­че.

 

Разговараше: Бил­ја­на За­фи­ро­ва
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Игор Џамбазов е објавено во 162. број на неделникот Република, 9.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top