| четврток, 6 декември 2018 |

Роденденски: Лила конечно го покажа саканиот? (ФОТО)

Изминатото лето медиумите „бомбардираа“ со шпекулациите дека популарната водителка Лила Стојановска е во врска со братот на ракометарот  Стојанче Стоилов, Стефан.

lila500

Сепак, ни Лила, а ниту Стефан не ги потврдија гласините дека се заедно иако како доказ послужија многуте летни фотографии на кои јасно се гледаше дека се на иста дестинација, само не во заеднички кадар.

1lila500

Бидејќи очигледно вешто ја сокриваат својата врска од јавноста, се она што се пишуваше како информација за нив во медиумите, остана непотврдено.

Синоќа во еден скопски ресторан, роденденката Лила во друштво на десетина пријатели го прослави својот 44-ти, а меѓу нив се најде ни повеќе ни помалку туку Стефан Стоилов.

Секако, оваа фотографија не се најде на социјалните мрежи кај водителката или Стефан, туку кај една нејзина пријателка која е фотографирана баш со него.

2lila500

Несомнено е дека меѓу нив навистина има нешто повеќе, штом токму тој се најде меѓу најблиските на роденденската прослава.

Сепак, парчињата од сложувалката полека се спојуваат, а Лила како старее станува се потаинствена и приватноста ја крие како најстрога тајна.

3lila500

Извор: Вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top