| четврток, 6 декември 2018 |

Ги победи Ту Челос: Даниел Кајмакоски е добитник на регионалната ЕмТиВи награда

Даниел Кајмакоски е добитникот на годинешната „ЕмТиВи Бест Адриа Акт“ наградата.

Daniel-Kajmakoski-

Победникот на првата сезона на Х Фактор Адриа, сега добил уште едно регионално признание и ги победи останатите номинирани изведувачи: Марчело, Ту Челос, Сасје и Хладно пиво.

-Самата номинација, во категорија со признати музички имиња, за мене беше огромна чест и признание. Оваа награда е големо изненадување, а воедно и голема мотивација во понатамошната кариера. Им благодарам на сите фанови кои одделиле  време да гласаат и кои цело време ме поддржуваа. Му благодарам и на ЕмТиВи на ваква можност и се надевам дека ова е само почеток на наша соработка- кажал Кајмакоски по  овој повод.

Со добивањето на оваа награда Даниел влегува во трка за „ЕмТиВи Бест Јуроп Акт“ за која ќе биде во конкуренција со останати изведувачи од цела Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top