| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми најважниот натпревар во кариерата го игра во вторник

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во вторник ќе ја дознае својата фудбалска иднина, откако ќе бидат обелоденети резултатите од Б-тестот односно официјално во Швајцарија каде ќе присуствува и тој ќе бидат отворени резултатите од испитувањето за допинг-скандалот.
Како што е познато Адеми по натпреварот со Арсенал во рамките од првото коло во Лигата на шампионите бил позитивен на допинг контролата односно на А-примерокот по што мораше да биде суспендиран до конечната одлука и официјализирање на Б-контролата.
Тој не смее да дава било каков коментар за случајот, но извори блиски до него тврдат дека Адеми е крајно разочаран, но исто така и убеден во својата невиност во целиот случај, нешто што би можело да се потврди со Б примерокот во вторник.

– Ние во вторник ќе играме против Олимпијакос, а Адеми ќе го игра мечот на својот живот во Цирих. Потврда на А примерокот би бил голем удар за неговата кариера, а негативен Б тест би бил одлична вест за нас. Не треба да повторувам колку е Адеми важен за нашиот тим – соопштија од раководството на хрватскиот првак.

Заедно со Адеми во Цирих ќе отпатува и еден од лекарите на Динамо Загреб, а не се знае точно во кој дел од денот ќе се знае конечната одлука.
Во случај ако биде потврдено дека македонскиот репрезентативец користел недозволени супстанци, му се заканува и максимална казна од дури четири години суспензија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top