Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб е пред потпис со НБА тимот Њу Орлеанс. Ова го тврди американскиот спортски новинар Ендрју Лопез кој е близок до клубот.
По очајната мината сезона, во која дел беше повреден, а дел го мина во Баерн Минхен и не прикажа забележителни резултати, сепак Мекејлеб е пред вратите на НБА лигата, во која никогаш не заиграл иако важеше за еден од најталентираните бекови во колеџ-кошарката, а настсапуваше токму за Њу Орлеанс.
Овој трансфер би можело да се реализира уште денеска како што наведува Лопез, но најпрвин клубот мора да се ослободи од еден кошаркар од ростерот кој брои 20 играчи.
Тој се проби во кошарката на стариот континент каде одигра неколку фантастични сезони, за Партизан, Монтепаски, Фенербахче, а со македонската кошаркарска репрезентација го освои четвртото место на Евробаскетот во Литванија 2011 година.
Причина повеќе за да ги договори услугите на Мекејлеб, Пеликанс го гледаат во фактот дека првите два плејмејкера, Холидеј и Кол се повредени и ќе мора да отсуствуваат од терените на подолг период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)