| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Алвеш посакува Меси да остане повреден до 12 ноември

Десниот бек на Барселона и бразилската фудбалска репрезентација, Дани Алвеш ги шокираше навивачите на „каталоцните“ со една неумесна изјава за најдобриот играч на клубот, Лионел Меси.
На 12.ноември во рамките од квалификациите за СП 2018 во Русија, на јужноамериканскиот континент ќе се одигра големото дерби меѓу Бразил и Аргентина.
Алвеш посакува неговиот клупски другар Меси да биде повреден до тој датум за да може полесно неговата репрезентацијата да стигне до победата.

– Би сакал Меси да биде повреден до тој натпревар. Се надевам дека Нејмар тогаш ќе игра, но не и Меси. Без најдобриот фудбалер во светот, нашите шанси се поголеми – изјави Дани Алвеш

Меси се повреди пред две недели и не настапи на првите две средби од квалификациите за својата репрезентација. Неговото враќање на терените се очекува да биде на почетокот на ноември, но се чини дека Барса нема да дозволи тој да игра за Аргентина на големото дерби, бидејќи после 10 дена треба да се одигра „Ел Класико“ во примера дивизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top