Сопствениците на депозити над 100.000 евра во банките во земјите на ЕУ може да изгубат многу пари ако истите банкротираат, изјави заменик-претседателот на Европската комисија и комесар за финансиската политика на ЕУ, Оли Рен.
Тој истакна дека случајот со Кипар е исклучок, но додаде дека инвеститорите и сопствениците на депозити треба да го преземат својот дел од одговорноста во случај на реструктуирање или елиминирање на нивната банка.
– Депозитите до 100.000 евра се светост, тие секогаш ќе бидат целосно заштитени, истакна Рен.
ЕК во моментов подготвува реформи во безбедноста во банкарскиот сектор, а прашањето за одговорноста на инвеститорите ќе биде вклучено во националното законодавство на секоја земја од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.